Секој човек денес, кој што по потекло е од Лазарополе и кој малку се интересира за минатото на своите дедовци верувам дека барем еднаш слушнал за животот и делото на истакнатиот македонски преродбеник Васил Икономов (1848-1934) од Лазарополе.
Во рамки на блогот за Лазарополе, ставајќи ја настрана досега за нас познатата биографија за Васил Икономов и фрагменти од песни-адети од мијачкиот крај, објавив краток дел за досега за половично познатата препишувачка активност; за обемниот *ВЕЧНИОТ ПОМЕНИК* ОД БИГОРСКИОТ МАНАСТИР препишан од Икономов во 1885 година.
Во ПОМЕНИКОТ среќaвaме имиња на лaзoрoвци кoи биле дел oд мaнaстирскaтa oбител кaкo јерoмoнaси и мoнaси, пoтoa видни свештеници - јерaрси и мирјaни - oбичнo луѓе, блaгoпoклoненици oд Лaзaрoпoле. Во ПОМЕНИКОТ ја имаме досега непознатата и значајна информација за Васил Икономов во однос на неговото презиме, цековна титула-чин ИКОНОМ (економ), како и кој од значајните јереи од родот Димковци ја добил оваа титула и "предал" на Васил.
Многумина учени кои го проучувале делото на Васил Икономов се едногласни во тоа дека тој бил вичен калиграф во духот на македонската манастирска традиција, црковен певец и автор на црковни нотни дела.
Во оваа објава за прв пат пред нашите читатели, благодарение на претседателот на ЦРКОВНИОТ ОДБОР НА ЛАЗОРОВСКАТА ЦРКВА, професорот и просветен работник Димко Попоски, ќе бидам во можнос да објавам едно кратко дело од Васил Икономов, "составувачко-препишувачко дело", кое е во рамките на строгото молитвено православното црковно пеење, кое патем изобилува со изразени калиграфски способности карактеристични за Икономов.

ПРОКИМЕНОТ ОД ЛАЗОРОВСКАТА ЦРКВА 1897г. Васил Икономов |
Станува збор за, еден лист, од ПРОКИМЕН составен-изработен од Васил Икономов во 1897 година. Прокимонот грижливо се чува во лазоровската црква но досега не е објавен. Треба да ни биде јасно дека прокимонот не е лично авторско дело на Икономов, туку се стихови земени од Псалмите. Критериумите за изборот на стиховите при составување на прокимонот најчесто е некоја слободна тема, но темата мора да е земена од некој псалм од Псалтирот и наменета за одредена црковната литургија. Поради тоа има повеќе видови на прокимони, утрински неделни, вечерни, прокимони за венчавање, крштевање и т.н. .
Прокимонот од лазоровската црква е седмичен-вечерен. Преставен е од страна на Икономов на црковнословенска азбука но во целост блиска на руската јазична варијанта, поради влијанието на царска Русија во текот на целиот XIX век, како заштитник и покровител на сите православни христијано кои биле дел од Османлиската Империја. Поради ова "право" дадено на Русија на Балканот и во Македонија пристигнуваат голем број на црковно-славјански книги, печатени во Русија. Од таму влијанието при изработката на Икономов на овој прокимон, во кој нема никави јазично-диалектни фрагменти од малорекаскиот диалект.
Прокиминот е во целост сработен на "руско-славјански "јазик". Лазоровскиот прокимон поради немањето можност да се преведе на македонски јазик ќе го преставиме на современ руски јазик, со надеж дека преводот на македонски ќе го имаме во брзо врем (види фото од прокимонот за споредба).

Прокимонот на руски јазик:
В неделю вечера, глас 8
Се ныне благословите Господа, вси раби Господни.
Стоящии во храме Господни, во дворех дому Бога нашего.
В понедельник вечера, глас 4
Господь услышит мя, внегда воззвати ми к Нему.
Внегда призвати ми, услыша мя Бог правды моея.
Во вторник вечера, глас 1
Милость Твоя, Господи, поженет мя вся дни живота моего.
Господь пасет мя, ничтоже мя лишит: на месте злачне, тамо всели мя.
В среду вечера, глас 5
Боже, во имя Твое спаси мя и в силе Твоей суди ми.
Боже, услыши молитву мою, внуши глаголы уст моих.
В четверток вечера, глас 6
Помощь моя от Господа, сотворшаго небо и землю.
Возведох очи мои в горы, отнюдуже приидет помощь моя.
В пяток вечера, глас 7
Боже, Заступник мой еси Ты, и милость Твоя предварит мя.
Изми мя от враг моих, Боже, и от востающих на мя избави мя.
литија за Св Ѓорѓија се чува во црквата во Лазарополе 1897 год. Васил Икономов |
Исто така во лазоровската црква грижливо се чува уште еден лист со наслов ЛИТИЈА СВЈАТОМУ ВЕЛИКОМУЧЕНИКУ ГЕОРГИЈУ ГЛАС 1 изработен исто така од Васил Икономов во 1897 година. Како и прокимонот и во овој литиски лист застапено е руското влијание од XIX век.
Икономов двата листа грижливо ги изработил, "со своју року", од своја рака.
На двата листа видлива е внимателната каректеристична црковна калиграфија на која Икономов давал големо значење и труд, при изработката на овие два црковно-литургиски текстови (види ги двете фотографии од литијата и прокимонот во однос на калиграфијата).
На крајот од двата листа, долу, Икономов внимателно се потпишал оставајќи го своето име и презиме, годината и неговата тогашна професија учител.
потпис на Васил Икономов од прокимонот |
Васил Икономов црковна калиграфија |
простете поради литературно-граматички грешко.текстот е во изработка.
Автор Мојсо Б. Поповски