*ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА СЛЕДНИ ОБЈАВИ* ДНЕВНИКОТ НА ЕДНА ПЛАНИНАРКА ОД КАЛИНА ВЕЛЕВСКА

Денес на Коледе (06.I.2021), во чест на нашата Калина Велевска, на блог страната за Лазарополе, ќе го објавиме првиот од двата раскази-приказни напишани и објавени во нејзината книга (промоција; 11.II.2019г.) ДНЕВНИКОТ НА ЕДНА ПЛАНИНАРКА
ДНЕВНИКОТ НА ЕДНА ПЛАНИНАРКА

Како вовед подолу Ви предаваме куси фрагменти од  планинарските впечатоци кои Калина, ги запиша во нејзиниот дневник и ги сподели со нас: "...Видов каде е Лазарополе и посакав еден ден да ја изодам таа тура по Бистра, низ оваа нестварно убава природа... СРЦЕТО МИ БЕШЕ ИСПОЛНЕТО...".
Овие два раскази од книгата ДНЕВНИКОТ НА ЕДНА ПЛАНИНАРКА се со наслов:
1. "Мирисите на Мијачијата" - "... Мене тие денови поминати тука никогаш не ми се доволни и уште од мала сум се криела и сум бегала кога требало да си одиме за Скопје, зашто сум сакала да останам уште некој саат, уште некој ден. Чувството е исто секогаш, па така и сега, ама затоа кога и да се вратам овде ми е убаво на душата и сум исполнета со најубавите емоции и повторно сум она дете што трча по Горни Ливади и пие чај од мајчина душица. :) ...".
2. "Цвеќе за Рацин" - "... Одевме по прекрасна патека, опколена со најубава природа, со мириси на цвеќиња и чаеви, мириси на Бистра, мојата драга планина за која секогаш пишувам со голема љубов. Влеговме во шумата, а свежината на денот само убаво влијаеше на мене и целосно заборавив на уморот. ...".


© 2008-2021 lazaropolee.blogspot. All rights reserved
Превземањето на содржините од
 lazaropolee.blogspot.com ®
 е дозволено доколку се наведе изворот
 со линк од блогот: 
статијата, фотографија или видео  
кое се превземена (максимум 60-100 зборови).

ТЕШКИОТ ЖИВОТ НА ЛАЗОРОВЕЦОТ

Povratesko,s. Lazaropole

Macedonia Time Lapse - Sunset after Snowfall HD - Lazoropole - Kolevski Voislav - Vojce

Macedonia Time Lapse - Panorama of Lazoropole HD *** Kolevski Voislav - Vojce

ИЛИНДЕН 2012_МАЈОВЦИ_МАНУКОТ

Lazaropole Sokolica Лазарополе Соколица

Крсте Коловски - автор на фреските од Св. Димитрија

Св. Јован Бигорски

Св. Јован Бигорски
www.bigorski.org.mk

MAKEDONIJA PAT

MAKEDONIJA PAT
МАКЕДОНИЈА ПАТ

Македонско Друштво "ИЛИНДЕН"-Тирана

Македонско Друштво "ИЛИНДЕН"-Тирана
www.ilinden-tirana.com

Да го спасиме сливното подрачје на Мала Река!

Да го спасиме сливното подрачје на Мала Река!
Да го спасиме сливното подрачје на Мала Река! ДАДЕТЕ ВАШ ПРИДОНЕС, ПОТПИШЕТЕ ЈА ПЕТИЦИЈАТА! Save Nacional Park Mavrovo!!! Make your contribution please SIGN THE PETITION!

Blog Post