Сработано (изработено) од РОКАТА (раката) на Јорданчо Кицовски. Да, од неговата рока. Роката која го носи генот на мијачките уметници. Зар не е црквава лазоровска, слободно кажано - просто од мене, "црно-бела но сепак жива" ?! Жива е како да ја гледаме од КРАСТИНЦИ, еве ја пред нас!. Ете го и тој, "полукралот" како да е повторно на своено место на ЗИЗДОН (ѕидот) во црквана лазороска. Чиниш роката и умот на Кицоски се соединиле и цртале минато читано од ЕРМЕНИЈАТА (книга во која биле запишувани тајните на зографите) на мијачките уметници, зографи. Сето тоа, видливо е во дела на Кицовски кои се посветени на Св.Стефан и архангелот Гаврил. Жива е таа традиција! Се кадросувале верените момчиња и девојки две недели пред великиот свадбен чин а тоа одамна замининато секојдневие од фотографското студио со уметничка смиреност повторно заживува во делото на Кицо - чиниш старата црно бела фотографија некако се копирала, а младите поминуваат незабележано покрај лазороските куќи и низ лазороските сокаци.
Другите уметнички дела на Кицовски можете да ги погледате на следиот линк: JORDAN KICOVSKI A.R.T..
Јас што видов? Едноставна фантазија на изразување и творење, на еден млад современ македонски ликовен уметник, на кого покрај совршенството во модерното уметничко изразување "старата" уметничка традициата му е во неговата "проста лазороска душа", во генот.
Црквата во Лазарополе (Ј.Кицовски) |
Ѓурчин Кокалески (Ј.Кицовски) |
икона Св.Стефан (Ј.Кицовски) |
Архангел Гаврил (Ј.Кицовски) |
Момче и девојка од Лазарополе (Ј.Кицовски) |
Лазороска куќа и сокак (Ј.Кицовски) |