ЕЗГИЈАТА НА КУМОТ - музичка изведба на тајфата на Самир и Ерхан
Музичка изведба на младата тајфа топанари и зурлаџии од Дебар која својот занает го учи од познатата тајфа Мајовци. Млади кои допрва ќе бидат барани на сите веселби во нашиот крај. Нивната изведба за оние кои што ја разбираат оваа музика може да се израмни со изведбите на старите мајстори, слободно без да претерува. Оваа нашинска музичка традиција младите Самир Бајрами (топан) и Ерхан Бајрами (зурла) ја наследија-изучија будно следени од строгата музички изострена палка на "старите" но се уште неуморни виртуози-мајстори како што се: Мемед, Роберт, Петрит, Мајо, Елвис... Традицијата продолжува. Така и мие младите од Река, Жупа, од сета Македонија но и надвор од неа, меѓу нашинците во туѓина, нема да останеме "глуви" на овој севременски и космички звук. Благодариме Самир и Ерхан. Веќе сте мајстори на својот занат, достојни чувари на традицијата. Музичката тајфа е позната и како "Групата на Роберт Бајрами". Им благодариме и на вашите даскали, на вашите "стари"!
Да го спасиме сливното подрачје на Мала Река! ДАДЕТЕ ВАШ ПРИДОНЕС, ПОТПИШЕТЕ ЈА ПЕТИЦИЈАТА! Save Nacional Park Mavrovo!!! Make your contribution please SIGN THE PETITION!