Лазороскиот нарцис, како што ние си го нарекуваме, во стучните кругови е познат под името Narcissus poeticus. Овде ќе ви прикажеме две фотографии од плодот и цветот на Narcissus poeticus фотографирани со помош на микроскоп (на крај од текстот), но пред да ги погледнете фотографиите треба накратко да ги опишеме карактеристиките на оваа растение.
Нарцис е вид на повеќегодишно растение од истоимениот род (Narcissus). Постојат неколку видови нарциси, вклучувајќи го и белиот нарцис или суноврат. Потеклото на овој вид е од Европа, Северна Америка и Азија. Нарцисот е предвесник на пролетта. Тоа е тревно растение кое расте на нашите ливади. Поради убавината на цветот, често се користи во градините како украсно растение. Тоа е геофит, а цвета од април до јули. На територијата од Лазарополе цвета кон средината на месец мај. Цветот на нарцис има природно, уметничко и митолошко значење. Со својата боја и суптилен изглед осветлува и визуелно ја прави внатрешноста и надворешноста на домот впечатлива. На прво место во одгледувањето на нарциси е Англија, потоа Холандија, Данска и Германија. Нарцисите се омилен градинарски цвет во Европа уште од XVI век.
Постојат две теории за потеклото на името. Легендата вели дека нарцисот го добил името по млад човек од грчката митологија, Нарцис. "Убав, но студен, тој не сакаше да и ја врати љубовта на шумската нимфа Ехо, која почина поради невозвратена љубов.". Според друга теорија, цветот го добил името по неговите наркотични својства, па оттука и името нарцис (грчки: narke — губење на сетилата, вкочанетост).
Сите видови нарциси имаат круна опкружена со шест ливчиња наречени перианти кои се спојуваат во цевка на крајот од цветот. Семињата се црни, кружни со тврда лушпа. Нарцисите може да имаат идентични бои на периант и корола, или може да варираат во нијанса помеѓу периант и корола. Боите кои се појавуваат најчесто се нијанси на жолта, бела, портокалова, розова, црвена и зелена.
Коренот е во вид на жила. Луковицата е топчеста или јајцевидна, долга околу 5 см и широка до 2,5 см, со темна и сува покривка. Ова подземно дрво овозможува презимување, бидејќи содржи резервна гранка како и пупка.
Стеблото може да порасне и до половина метар, зелено е, сплескано и со две истакнати надолжни ребра.
Листовите се неподвижни, нецелосни со паралелни жили. Тие се линеарни, широки околу половина сантиметар и тапи на врвот. Тие се пократки од стеблото, а нивната боја е зелена или синкава.
Областа на овој вид ги опфаќа Алпите, Карпатите, а најужно се продега во Македонија (Лазарополе) и некои делови од северна Грција. Припаѓа на предалпско-подмедитеранската флора.
Се одгледува како украсно растение. Не е познат по своите лековити својства, а не припаѓа на фуражни растенија бидејќи е отровен за добитокот. Сите видови нарциси го содржат алкалоидот отров ликорин, најчесто во пестиците и листовите.
Лазороскиот нарцис" - Narcissus poeticus фото; микроскоп |