ФЕНОМЕНОТ НА „СЕМИЈАЧКО ЗНАМЕ“

Текстот е извадок од статијата МАКЕДОНСКИ СВАДБЕНИ ЗНАМИЊА.Како и средниот текст од блогот за Лазарополе со наслов ДАЛИ МИЈАЦИТЕ ИМАЛЕ СВОЈ ЕДИНСТВЕН ПЛЕМЕНСКИ БАЈРАК.

... "Односот кон симболите се гради од секоја генерација која му дава нови значења и степен на важност. Тој однос и значење се создава под влијание на социоекономско политичките односи. Во текот на раните 1990 години, Македонија ги правеше првите чекори како независна држава, коишто ги дочека симболички неспремно. Знамето го доби на конкурс што започна дури во 1992 година и коешто мораше да го промени само три години подоцна. Тоа предизвика луѓето да се навратат на „древните“ симболи како симболи на идентитет на група.


Првичната реконструкција на “знамето на Трајчев” за првпат е истакнато во 1995 година во Тресонче, на 150 јубилеј на црквата Св. Петар и Павле. 

Знамето е на бело платно со црвена боја, коешто се промовира како семијачко. Тоа следува од разбирањето на поимот знаме, како паралела со државното знаме, како идентитетски симбол на поширока заедница, потполно заборавајќи ја примарната улога на чисто свадбарско знаме.

По 1995 година, скоро сите населби во Мала Река започнуваат да го истакнуваат ова знаме на селските слави во кругот на нивните цркви. Интересен за следење е и развојот на ова знаме од вексилографски аспект од неговата појава во 1995 година, и промоција како севековно и сеплеменско мијачко знаме. Од првичната појава, ова знаме е изменето во три аспекта.


Првата промена е во однос на обескрилениот двоглав орел, чијашто внатрешност првично е прикажана со крст во којшто се видливи четири огнила. Внатрешноста (крстот и очилата) од двоглавиот орел е пополнета со црвена боја. Симболот на крст со четири огнила во современ контекс се восприема како чисто српски национален симбол. Втората промена е во однос на додавањето трета боја, покрај белата основна и црвената – жолтата, за пополнување на некои бели елементи во знамето. Вметнувањето на жолтата боја е доближивање на семијачкото знаме до националните бои од државното знаме на Македонија. Ова знаме како единствен мијачки симбол е претставен во 1995 година, но никако пред тоа. Веројатно достапноста на книгата на Трајчев го прави ова знаме популарно, но ни ја претставува е “неукоста” за незнаење дека во еден наш музеј имаме во тоа време изложено два мијачки - семејни свадбарски барака.


Но втората редакција од знамето на Трајчев не треба да се нарече и мијачко колективно знаме, бидејќи Мијаци на нивната територија веќе нема. Или пак е само обично знаме коешто се вее на дел од една општина, каде што Мијаците живееле непрекинато до 1970 година.

Во својот опис, Мажоски пишува дека реканските села користеле знамиња (множина) и не споменува крст како симбол на тие знамиња. Крстот како централен симбол не се јавува на поголемиот дел на досега познатите мијачки свадбарски знамиња. Од друга страна, Мажоски наведува неколку за нас интересни симболи, коишто на досегашните знамиња не ги среќаваме, а тоа се мечката и раката како симболи во неговите знамиња.


Трајчев во својот запис не забележува дека претставеното знаме е само едно од многуте семејно-родови знамиња, сочувани до денес. Дали не знаел за други или пак целта му била да го претстави само она знаме на коешто има лав, поради реакцијата кон Стаматов. Овој пропуст и денес се провлекува дури и во науката, што оди во прилог на редефинирањето на денешното значење на тоа знаме. Спорна е констатацијата и паралелата прикажана од Филипова во однос на староста и единствениот карактер на знамето, коешто го обработува во нејзината статија (Филипова 2005). Споменатите фермани, декрети не спомнуваат знаме, одредени родови или каква забрана за употреба. Ферманите се однесуваат на други права и обврски за населбите од Реканската каза. Ова го среќаваме и кај Филипова, и е преземено од Петар Поповски, кој пак своите гледишта ги базира на постари непотполни автори „во однос на знамињата и проблематиката за таканареченото општо мијачко знаме и паралелата што се прави со историски личности и настани од XV век до денес“. 

Денес се гради мит за историјата, општествените и културолошки карактеристики на Мијаците. Во тоа предничи Петар Поповски и Мелетије Брковски. Најчесто се цитрираат изјавите на Трајчев, дека Мијаците се од болјарско аристократско потекло. Во тој мит, семијачки прастар етнички идентитетски симбол игра огромна улога. Таа улога му се припишува на бајракот опишан од Трајчев или неговата втора реконструкција.

знаме кое се чува во црквата во Лазарополе

Свадбарските знамиња се ритуални знамиња, со првенствена улога за комуникација со божественото, но и со другите учесници во ритуалот. Тие се обично семејни, родови, но не се користат како средство на идентификација, затоа што не се употребуваат за таква пригода. По Првата светска војна, полека нивната улога ја зазема државното знаме, особено по Втората светска војна. Има записи и фотографии за употреба на такви знамиња низ цела Македонија, но во очите на јавноста највеќе се мијачките знамиња, коишто стануваат популарни во текот на 1990-тите. Но такви знамиња имаме од Крушево и од Порече. Во овој текст се обидовме да ги разгледаме од вексилолошки и вексилографски аспект, при што беа типизирани според содржината и според формата на платното. Во последната деценија на 20 век, постои тенденција на давање друга димензија на свадбарските бајраци, идентитетска, што се гледа во феноменот на „семијачки“ бајрак, имено претставување на еден семеен бајрак за знаме на сите Мијаци, концепт непознат за времето кога свадбарските знамиња се користеле активно." ... .

Мојсо Поповски

Фотографии на дел од досега документирани мијачки семејни свадбарски знамиња-бајраци

Музеј на Македонија

Музеј на Македонија

Fonds: 2072K "Христо Вакарелски"
Inventory: 1
Archival unit: 502 „Снимки свързани с църковни и народни обичаи в Македония.“
Sheet no.: 6,22,23.


ТЕШКИОТ ЖИВОТ НА ЛАЗОРОВЕЦОТ

Povratesko,s. Lazaropole

Macedonia Time Lapse - Sunset after Snowfall HD - Lazoropole - Kolevski Voislav - Vojce

Macedonia Time Lapse - Panorama of Lazoropole HD *** Kolevski Voislav - Vojce

ИЛИНДЕН 2012_МАЈОВЦИ_МАНУКОТ

Lazaropole Sokolica Лазарополе Соколица

Крсте Коловски - автор на фреските од Св. Димитрија

Св. Јован Бигорски

Св. Јован Бигорски
www.bigorski.org.mk

MAKEDONIJA PAT

MAKEDONIJA PAT
МАКЕДОНИЈА ПАТ

Македонско Друштво "ИЛИНДЕН"-Тирана

Македонско Друштво "ИЛИНДЕН"-Тирана
www.ilinden-tirana.com

Да го спасиме сливното подрачје на Мала Река!

Да го спасиме сливното подрачје на Мала Река!
Да го спасиме сливното подрачје на Мала Река! ДАДЕТЕ ВАШ ПРИДОНЕС, ПОТПИШЕТЕ ЈА ПЕТИЦИЈАТА! Save Nacional Park Mavrovo!!! Make your contribution please SIGN THE PETITION!

Blog Post