Б А Р А Њ Е од Иницијатори - сопственици на куќи во с. Лазарополе (Бр,1 од 07/08/18г)

До претседтелот и членовите 
на МЗ Лазарополе


Б А Р А Њ Е 

од Иницијатори - сопсвеници на куќи во с. Лазарополе
за преставниците на одборот или месната заедница на с. Лазарополе

Иницирани од генералната слика на селото во деновите на празникот Илинден бевме побудени да истакнеме статус на Фјсбук (Facebooke), но веднаш да напоменеме НЕ со причина да Ве критикуваме или да се самокритикуваме.
Причината беше да се дадат предлози од типот: Што би требало да се направи? Како да се направи? Што би сакале да има? и како до тоа?!
Најголемата намера впрочем беше да се види мнението на сопствениците на секој поединечно и доколку ние секој посебно самоиницијативно би можеле да направиме нешто па макар и со телефонско јавување и барање по институциите,
Мора да заклучиме дека иницијативи и предлози има, од кои можеме да се увериме дека сопствениците не се индиферентни и да Ве известиме за некои од нив како на пример:
- осветлувње на повеќе места кон Задел и во Задел;
- СТОП за гласната музика во ливадите;
изградба на постоечки објекти за контениерите со висока жица и столбчиња;
- поставување на табли, патокази и маркации;
- СТОП за нерентабилно коритење на водата;
- поголема медиумска покриеност;
- топаните и зурлите кои се плаќаат од таксата да ја почитуваат традицијата и да свират и на долни ливади (НА ПАНАЃУР), како некогаш;
- правење на групи за собирање на сметот направен за празникот Илинден;
- изработка на музејско катче и афирмирање на сите познати и видни лазоровци;
- изработка на проекти за зачувување на автентичната архетектура;
- поставување на клупи за одмор;
- расчистување и сечење гранки по шумските патеки;
- корпи за отпадоци;
- огласна табла за транспаретност и известување;
И
- бројот на сопственици кои плаќаат и начионот на плаќање за самопридонес од 1700,00 денари односно, ПРЕДЛОЗИ:
* секоја куќа која нема платено-спопственикот да се даде на извршител/адвокат;
* превземање на список од ЕВН ЗСтруга за броила во лазарополе кои се во функција и сопственикот со име и презиме да плаќа такса. Доколку НЕ се плаќа такса во одреден рок исвршителот да го терети сопственикот по пријава од регистрираното правно тело с. Лазарополе.

Мора сите сопственици да бидат информирани на огласна табла во селото како и на модерните тхнологии.

Се поставуваат прашањата:
Дали месната заедница има печат? Кој е благајник во селото? на лија сметка се собираат средствата? Кој може да располага со нив? Дали е возможно да се плаќа на една жиро сметка на 12 месечни рати за сопственицте со финанскиски потешкотии? Може ли да се донира? Каде можат да се видат годишните приходи од собрани такси и годишни обврски на селото за смет, тракторот, косењето, дефектите...? Има ли некоја пресметка?... итн.

Сите овие одговори треба да ги даде месната заедница (или која друга правна форма) на огласна табла за сите спопственици да бидат информирани. Модерното технолошко време овозможува информациите да се најдостапни. Претседателот или некој од членовите на заедницата сите ови прашања транспаретно да ги одговорат (може и на некоја ФБ станица посветена на Лазарополе).

ЗАКЛУЧОКИ ПРЕДЛОГ
доколку нема регистрирано правно тело-субјект да се регистрира
1, Здружение "УНИКАТНИТЕ ЛАЗОРОВСКИ НАРЦИСИ" или друго...
2, Избор на волонтери за претседател и членови, благајник со познавање елктронско плаќање и изработка на списоци за плаќање по месец, скретар, валиден печат и жиро сметка, чувар/и, како и изработка на ТАРИФНИК НА НАДОМЕСТОЦИ ЗА РАБОТАТА НА ЧЛЕНОВИТЕ ВО ПРАВНОТО ТЕЛО;
3. Избор на извршител;
4. изработка на програма за приоритети за нејзина реализација (согласно собрани предлози и согласно годишниот буџет);
5. Изработка и поставување на огласна табла во селото и правење ФБ страница за инфо - официјална од селото;
6. Вклучување на ској кој што може поединечно да направи за селото и самоиницијативно;
7. Искористување на знаењто, вештините и влијанијата по институциите;
8. Формирање на тимови во селото за одржување на хигиената, дефекти, прослави и слично.

Фејзбук Иницијатори спосвеници 
на куќи во с. Лазарополе

БАРАЊЕТО ЌЕ БИДЕ ДОСТАВЕНО ПИСМЕНО ДО ПРЕТСЕДАТЕЛОТ И ЧЛЕНОВИТЕ НА МЕСНАТА ЗАЕДНИЦА ЛАЗАРОПОЛЕ ПО ПОШТЕНСКИ ПАТ 
Пoтврдa зa испрaтенo
писмo сo гoренaпишaнaтa сoдржинa
дo претседaтелoт нa меснтa зaедницa Лaзaрoпoле.
Истoтo писмo е испратено и дo членoвите нa
меснaтa зaедницa Лaзaрoпoле.
Вo текoт нa вчерaшниoт ден (08.VIII.2018) испрaтенo (email) е и бaрaње дo ЕВН, ЕВН КЕЏ-Стругa и дo Претседaтелoт нa Сoветoт нa oпштинa Мaврoвo-Рoстуше, зa пoтребaтa oд прoменa и пoстaвувaње нa нoвa инстaлaцијa зa уличнo oсветлувa пред се вo делoт нa нaселбaтa Зaдел. Пoсебнo се пoтенцирa пoтребaтa oд пoстaвувaње нa десет нoви улични светилки нa пoтегoт oд центaрoт нa Лaзaрoпoле се дo нoселбaтa Зaдел.

СРОДНИ ЛИНКОВИ

ТЕШКИОТ ЖИВОТ НА ЛАЗОРОВЕЦОТ

Povratesko,s. Lazaropole

Macedonia Time Lapse - Sunset after Snowfall HD - Lazoropole - Kolevski Voislav - Vojce

Macedonia Time Lapse - Panorama of Lazoropole HD *** Kolevski Voislav - Vojce

ИЛИНДЕН 2012_МАЈОВЦИ_МАНУКОТ

Lazaropole Sokolica Лазарополе Соколица

Крсте Коловски - автор на фреските од Св. Димитрија

Св. Јован Бигорски

Св. Јован Бигорски
www.bigorski.org.mk

MAKEDONIJA PAT

MAKEDONIJA PAT
МАКЕДОНИЈА ПАТ

Македонско Друштво "ИЛИНДЕН"-Тирана

Македонско Друштво "ИЛИНДЕН"-Тирана
www.ilinden-tirana.com

Да го спасиме сливното подрачје на Мала Река!

Да го спасиме сливното подрачје на Мала Река!
Да го спасиме сливното подрачје на Мала Река! ДАДЕТЕ ВАШ ПРИДОНЕС, ПОТПИШЕТЕ ЈА ПЕТИЦИЈАТА! Save Nacional Park Mavrovo!!! Make your contribution please SIGN THE PETITION!

Blog Post