Констатација
на Иницијаторите- сопственици на куќи во с. Лазарополе од одговорот на
претседателот
К О Н С Т А Т А Ц И Ј А
од Иницијаторите - сопственици на куќи во с.
Лазарополе
за преставниците на одборот
или месната заедница на с. Лазарополе
Од одговорот на претседателот и другите членови на
Месната Заедница во
с. Лазарополе (на Барањето од е-иницијаторите сопственици
на куќи во с.Лазарополе), може да се констатира дека претседателот и другите
членови имаат чуство на напад и критика од е-иницијаторите истовремено и голема
разочараност од исполнувањето на обврските и инволвираноста на посетителите во
с. Лазарополе.
Веднаш да повториме и напоменеме дека причината за
Барањето НЕ беше со цел да Ве
критикуваме или да се самокритикуваме. Причината беше и се уште е:
- да се
дадат предлози/идеи,
- да се
види мислењето на сопствениците,
- да се
иницираат сите кои ги уживаат благодетите на селото и природата
(како да ја зачуваме и истовремено како да се спречи тоа
што ни пречи, како да бидеме поорганизирани помагајќи им на луѓето како ВАС (сегашни и идни) кои
сте се нафатиле или ќе се нафатат на една секогаш благородна, неблагодарна истовремено
и многу критикувана обврска.
- Што би
требало да се направи?
- Како
да се направи?
- Што би
сакале да има? и како до тоа?!,
што впрочем сите предлози
и коментари Ви беа писмено препорачано доставени и истите се поставени на
блоговите и интернет страниците посветени за Лазарополе што, мораме да изразиме
ЈАВНА БЛАГОДАРНОСТ и за луѓето кои преку интернет сите нас не поврзуваат.
Најголемата намера впрочем беше и е да се инволвираат
сите, доброволно, секој колку може, умствено и физички, поединечно, самоиницијативно
и организирано.
Од информациите кои ги имаме Барањето беше прегледано и
отворено само за еден ден повеќе од 800-тини пати и мора да заклучиме НЕ со намера на критика или задни намери
кон Вас туку СО ВАС. Сите заедно, да се приклучиме, помогнеме,
олесниме, допринесеме и помногубројни полесно да спречиме влијанија на идеи
како на пр: викенд населби 2014 година и
други опасности.
Со оглед на вашиот одговор појаснето е од Ваша страна
дека во с. Лазарополе постои и месна заедница и здружение со жиро сметка.
1. За да може сите да имаме увид најпрво
електронски (а и на јавно место) треба
да се објави Статут (акт со кој се уредува дејноста, организационата
поставеност и функционирањето на организацијата) на здружението, името на
здружението, број на жиро сметката, депонент банка.
Согласно
Сл.Весник бр.52 од 16.04.2010 година, Закон за здруженија и фондации член 11 (1)
Работата на организацијата е јавна. (2) Јавноста на работењето на
организацијата се остварува преку транспарентно објавување на статутите и
другите акти на организацијата во согласност со статутот на организацијата;
2.
Објавување
транспарентно на средства кои се собрани последните 3 години односно 2016, 2017
и 2018 година од самопридонес.
3.
После
прегледот на статутот да се направат два состанока на две места (Лазарополе и
Скопје) за зачленување во здружението, со име и презиме, број на лична карта,
потпис, телефон за контакт и маил на секој член (за
подобро и полесно информирање и комуницирање).
Здружението на членови води регистар на
членови и евиденција на членовите на органите. Податоците се заштитени во
согласност со прописите за заштита на личните податоци и класифицирани
информации (член 20 од Сл.Весник 52 16.04.2010год.)
4. За време на состаноците да се соберат
предлози за Измена на Статут - доколку има предлози идеи и дополнувања, а не
се внесени во статутот може да се донесат „Други акти“ со кои се уредуваат
односите кои не се уредени со актот за основање или статутот како (правилник,
одлука, деловник, програма и други акти) за Тарифник на надоместоци за работата на претседател, членови, благајник,
чувар итн. во здружението, паричната обврска на сите членови и додавање на
одлука за извршител;
5.
Извори
на финансирање согласно (член 48 од сл.в.52), организациските средства за
финансирање ги стекнуваат од членарина, основачки влогови, доброволни прилози,
донации, подароци, (во пари, добра, имотни права), завештенија, легати,
дејности со кои се стекнува добивка, кирии и закупнини, како и приходи од
инвестиции, дивиденди, камати, заеми и други приходи во согласност со закон и
статутот.
6.
Финансиските
средства на организациите се употребуваат за остварување на целите на
организацијата определени со статутот и програмата. Работата во органите на
организациите по правило е доброволна, а членовите на органите на организациите
можат да примаат надоместок на патни и дневни трошоци, како и надоместок за
вршење на работи во органите на организацијата во согласност со закон.
7.
Една
од најважните работи може да се заклучи дека е потребно да во постоечкото здружение
бројот на членовите во однос на бројот на сопственици на куки во с. Лазарополе да
биде од 90 -100%. Со тоа би имало редовна наплата, би се зголемил финансискиот
капитал на селото со кои што би се регулирале тековните фиксни трошоци на
селото ѓубретарина, чувар, одржување на механизација-трактор, надоместоци на
финансиски средства за органите (претседател и членови и др.) а останатиот дел
од средствата за приоритетна намена согласно предлози на членовите на
здружението според усвоена програма.
8.
Целиот
овој процес треба да биде со највисок
степен на транспареност меѓусебно
информирање користејќи ги современите електронски комуникации. Мисиме дека на
тој начин за најкраток временски период ќе се убедат и сите сопственици на куќи
во с. Лазарополе да пристапат во членство на постоечкото здружение за да
функционираме како правно тело. Со ова
би се отворил пат за понатамошни проекти и побарувања од општината Мавр ови Анови
како и искористување на знаењето, вештините и влијанијата
по другите институциите;
Фејзбук Иницијатори
спосвеници
на куќи во с. Лазарополе
КОНСТАТАЦИЈАТА ЌЕ
БИДЕ ДОСТАВЕНА
ПИСМЕНО ДО ПРЕТСЕДАТЕЛОТ И ЧЛЕНОВИТЕ НА МЕСНАТА ЗАЕДНИЦА ЛАЗАРОПОЛЕ ПО
ПОШТЕНСКИ ПАТ
ПИСМO УПАТЕНO ДO ЧЛЕНOВИТЕ И ПРЕТСЕДАТЕЛOТ НА М.З.ЛАЗАРOПOЛЕ OД ГOРЕ НАПИШАНАТА КOНСТАТАЦИЈА 19.08.2018г. |
СРОДНИ ЛИНКОВИ
- ИЗЛОЖБА НА СЛИКИ ОД ЈАНА ЈОВАНОВА (мај 2015)
- КРЕАТИВЕН ВИКЕНД ЗА АРХИТЕКТУРА СО РИСТО АВРАМОВСКИ
- ИЗВАДОЦИ ОД ЕДЕН НЕДЕЛНИК
- ИНФОРМАЦИЈА - ПОВИК / СЕ ПОВИКУВААТ СИТЕ ЛАЗОРОВЦИ И ПРИЈАТЕЛИ НА ЛАЗАРОПОЛЕ ДА ДОНИРААТ
- ЗАПИСНИК ОД СОСТАНОКОТ НА МЕСНА ЗАЕДНИЦА ЛАЗАРОПОЛЕ ОДРЖАН НА ДЕН 13.02.2015год.
- ПРВА МИЈАЧКА СРЕДБА - ПОКАНА ДО СИТЕ ЛАЗОРОВЦИ
- ИЗВЕСТУВАЊЕ - МЕСНА ЗАЕДНИЦА ЛАЗАРОПОЛЕ
- ЧОВЕК НЕ МОЖЕ ДА ИЗДРЖИ КОГА Е ВО ПРАШАЊЕ КОРЕНОТ НЕГОВ
- ПРОМОЦИЈА НА МОНОГРАФИЈАТА "ЛАЗОРОСКИТЕ ЗОГРАФИ" ОД ПЕТРЕ Р. КОЛОВСКИ (4-ти декември 2014 година во 12часот)
- ИЗЛОЖБА НА ФОТОГРАФИИ 18-23 МАРТ 2014година
- "Лазарополе во подалечното и поблиското минато" од Сотир Шошкоски и Васко Поповски, стр.129-131, Скопје 2003г.
- Покана за учество на изложба на фотографии инспирирани од природата во Лазарополе.
- БАРАЊЕ НА ЛАЗОРОВЦИ ОД 13.09.1993 ГОДИНА ЗА ВРАЌАЊЕ НА ОДЗЕМЕНИТЕ ИМОТИ ПО 1945 ГОДИНА
- ФЕСТИВАЛ НА НАРЦИСИТЕ (Narcissus poeticus)
- П О К А Н А !!! (2)
- ДЕЛ ОД ЦИЦАЧИТЕ ВО РЕГИОНОТ НА ЛАЗАРОПОЛЕ
- ПРЕД И ПОТОА - фотографија
- М Е Ѓ И Т Е
- Narcissus poeticus и Лазарополе
- П О К А Н А ! ! ! (1)