Никогаш не сте ја чуле свирката на Мајо?
Не сте чуле ниедна негова езгија?
Не сте го виделе на ниедна свадба?
- Секое дупче од неговата свирка
- гнездо полно славејчиња...
Во недела, пред да се венчаат младите,
Мајо оди на гробишта
да ги поканини мртвите на свадба;
тогај се корнат стеблата, се покриваат карпите,
мртвите стануваат да го слушаат,
земјата престанува да расте...
Си отиде Мајо: во црвен минтан - во црно ќепе...
Не берете гороцвет на мијачка земја,
не прекинувајте ја свирката!
Сега сонцето е само бледа свеќа за неговата свирка.
Провиденија од
Мајовци; зурла Рамче, топан Исак; Лазарополе 1971 година; фотографија Neil Folberg. |