ОСУМ ГОДИНИ НЕПРЕКИНАТО ВРЕЃАЊЕ !!!


Некој сака да предизвика скандал, ако употребата на зборот скандал прилега на темава.
Местово, блогов, не заслужува да биде заразено со ваква современа пропаганда, но цврсто верувам дека видеото (видео 1 и 2)(на крај од текстов) и тоа како мора да биде презентирано пред сите нас што имаме потекло од малореканскиот и реканакиот крај. Во оваа објава презентираме две видеа кои постојано се реобјавуваат на интернет медиумите во измнинатите осум години. Првово, ова со превод, е објавено не порано или покасно туку на 14.07.19 година (види го линкот). Се некако фаќаат ритам поврзан со лафот-зборот шеруваме и тоа од 12-ти до 14-ти ден од месец Златец (јули) - осум години зависно од настанот кој се одржува на Петровен.
Некој постојано во ова глобално време осум години по ред, пред Петровден, "ненамерно-несакајќи", сака да биде во центарот на вниманието. Еве годинава и го преведовте. Благодарам за преводот.
Нека видат луѓето, барем луѓето со потекло од Мала Река и Река, кој тоа започна да си игра "современо-културно" со нашите чуства, непрекинато осум години - или пак повеќе
Бидејќи никој не реагира во изминативе осум години - или пак повеќе, (се разбира секој има право на мислење, но во границите на почитување на различностите), на оваа "слобода на изразување" решив да им "дадам внимание" овде.
Кој к'а си ја чукат тимбата?
Простете од мене ако некој од нас се почуствува повреден од објавава, од видеото-видеата, порталите и слично, но сметам дека оваа "мало стручно видео" заслужува секаква осуда. "Малово" видео сепак е големо во очите на оние кои го изработиле и јавно објавиле.
Простете уште еднаш - интернетов е полн со вакви глупости, можеби е само обично трошење на време гледајќи (плачам, гневен сум, се смеам на гупостиве, се прашувам а обратно да беше) го видеово... Нека остане само едно потрошено три минутно време а не нешто поголемо и пострашно - "пак се занесуваме и непотребно се тревожиме МИЕ".
Барем некој да се извини; да се извинеше; тоа се само некои прости глави, простете наши мили комшии и сограѓани. Молк! До кога?
Кога и како ќе почнеме да ги почитуваме вистинските различности, бистро без сенката на негирање на едниот наспроти другите? Сенката на негирање која ја осветлува огнот на национализмот треба еднаш засекогаш да изгасне.
Ќе се имаше до негде разбирање ако ова го направеше некој поединец-некоја запалена глава - но медиум-медиуми кои креираат јавно мислење... Ваквите видеа јавно објавени од некои медиуми кои свесно водат кон негирање на различноста и играат валкано со чуствата на многумина, во ниедна мера од никого не треба да бидат прифатени и одобрени.


СЛИЧЕНО ВИДЕО НА ПРОПАГАНДА

ЛИНКОВИ - ИНТЕРНЕТ ПОРТАЛИ
Д У М А БГ

се извинуваме за правописно-граматички грешки во текстот

© 2008-2019 lazaropolee.blogspot. All rights reserved

Превземањето на содржините на lazaropolee.blogspot.com ® е дозволено доколку се наведе изворот со линк од блогот: статијата-текст (само 50 зборови), фотографија или видео.

ТЕШКИОТ ЖИВОТ НА ЛАЗОРОВЕЦОТ

Povratesko,s. Lazaropole

Macedonia Time Lapse - Sunset after Snowfall HD - Lazoropole - Kolevski Voislav - Vojce

Macedonia Time Lapse - Panorama of Lazoropole HD *** Kolevski Voislav - Vojce

ИЛИНДЕН 2012_МАЈОВЦИ_МАНУКОТ

Lazaropole Sokolica Лазарополе Соколица

Крсте Коловски - автор на фреските од Св. Димитрија

Св. Јован Бигорски

Св. Јован Бигорски
www.bigorski.org.mk

MAKEDONIJA PAT

MAKEDONIJA PAT
МАКЕДОНИЈА ПАТ

Македонско Друштво "ИЛИНДЕН"-Тирана

Македонско Друштво "ИЛИНДЕН"-Тирана
www.ilinden-tirana.com

Да го спасиме сливното подрачје на Мала Река!

Да го спасиме сливното подрачје на Мала Река!
Да го спасиме сливното подрачје на Мала Река! ДАДЕТЕ ВАШ ПРИДОНЕС, ПОТПИШЕТЕ ЈА ПЕТИЦИЈАТА! Save Nacional Park Mavrovo!!! Make your contribution please SIGN THE PETITION!

Blog Post