ЗА ЕДНА УЧИЛИШНА ФОТОГРАФИЈА ОД ЛАЗАРОПОЛЕ (1938/39г.)

Со изградба на училишната зграда, позната и како школото; од генерациите родени по 1944/45г. познато со името училиште "Димитар Влахов" во Лазарополе, се започнало во 1932 година (Кралство Југославија 1918-1943г.). Изградбата на училишната зграда завршила во 1935 година, при што истата година започнало и првата учебна година 1935/36.
За учебните години од 1935/36 до 1946/47 сеуште не сме во можност да собереме доволен број на оригинални или фототипни документи (кои би можел да ги обработам) и фотографии кои би Ви ги презентирале.
Ова фотографија за женските одделенија-класеви од 1938/39г, 1-ви и 2-ри клас, е една од малкуте за која има проверени информации, во однос на имињата и презимињата на учениците и учителот (на списокот од ученичките на фотото се напишани моминските презимиња - лазоровските именувања на презимњата-родовите. Се извинувам ако некој погрешно е именуван-напишан, се надевам дека информациите за ученичките ќе бидат обновени и надоградени и со Ваша помош, на ФБ групата од блогот за Лазарополе каде што е поставена основната верзија од фотографијата).
1?, 2. Цвета (Толева Томоска), 3. Докија (Данкова Попоска), 4. Даца (Јолевска) Голибегоска, 5. Мила (Ѓуреска) Пунтевска-Исајловска, 6. Смиља?,7. Галка Галена (Ѓорѓиоска) можена во Галичник???., 8. Мара (Саринска) Грујоска, 9. Цвета (Исјаноска-Велоска), 10. Јела (Ефтоска-Кокалеска), 11. Зорка (презиме???, од горно маало), 12. Учител Крсте даскалот од Тресонче. Имало уште еден учител од Тесонче, Томо даскалот. 13. Мара (Гиноска-Бурева) Поповска, 14. Дула (Божиноска), 15. Јелица (Попмицоска), 16. Злата (Ажиеска) Попоска-живковица., 17. Тема (Аритоноска), 18?, 19. Љуба (Матеска), 20. Јанка (Дракулоска); тихоница, 21. Тема (Голибегоска) Слзданоска, 22?, 23?,24. Ката (Клапутоска),25.?, 26. Цвета (Трбиќоска), 27?, 28, 29. служител ???, 30. Весела (Филеска) Кекереска, 31. Веса (презиме???), 32. Љуба (Чупоска), 33. Мара (Чупоска), 34. Мара (Зврлеска), 35. Морфа Пунтевска-Ролевска, презиме Кубуроска, 36?,37?
Треба да се напомене дека пред изградбата на ова училиште (1935 година) во склоп на лазоровската црква од 1844 година до 1934/35 година работело училиште во кое млади генерации лазоровци го стекнувале своето знаење. Во периодот од 1909г. до 1918г. во неколку приватни куќи во Лазарополе работеле школи како составен дел од големо-националистичките пропаганди пред се од север и исток, односно школи на соседните балкански народи кои наизменично се менувале како управители-окупатори (или во однос на силата на припагандата која доаѓала заедно со црковната превласт во одредено населено место) на овие делови од Македонија
Училишната зграда која започнала со работа 1935/36 година и народната осмолетка - основно училиште по ослободувањето 1944 година работи се до учебната 1969/70 година, по која година самата училишна зграда потполно од селото и самата македонска држава, сега веќе самостојна и суверена (по 1991г.), е оставена да пропаѓа, и на крајот сосема да ја снема.
Овде накратко може да се спомене и за основната наставна програма која се изучувала во основните училишта во тогашната Вардарска Бановина пред се во периодот од 1924г. до 1941г. по која се водело и училиштето во Лазарополе.
Инаку, во наставната програма за основни (4-оделенски) училиште беше предвидено изучување на 17 предмети. Наука христијанска имаше за цел „будење на религиско-моралните чувства“, па во прво одделение беше посветено внимание на молитвите, додека во следните одделенија учени се разни поучни приказни од аграрно-патријархална тематика. Наставата на српски јазик имаше за цел „развивање на националните и патриотски чувства“, па деца уште од второ одделение на памет учеа поучни изреки и „лесно разбирливи народни песни.“ Во следното одделение на учителите им се сугерира да практикуваат „наизуст учење на што повеќе народни песни од циклусот Косово“. А во последното одделение основците ги чекаше вежбање на краснопис, правописни вежби и напамет учење на „што подолги народни песни“.
Предметот Историја на Србите, Хрватите и Словенците, плус специјален додаток за кралската династија на Караѓорѓевиќ, имаше за цел „познавање на минатото на својот народ и будење национални и патриотски чувства“ и се изучуваше во трето и четврто одделение. Во текот на една училишна година учениците учат за стариот српски роден крај, преселбата, жупаните и Немањиќи, заклучно со пропаста на Србија и „страдањето под Турците“. Другата половина на програмата по историја го опфаќаше периодот од Првото српско востание, со тоа што посебно внимание се посветува на балканските војни.
Географијата исто така ги запознаваше учениците од трето и четврто одделение со својата татковина, но и „будеше љубов кон неа“. Основците на часови ја цртаа околината, се ориентираа во просторот, учеа за речни сливови, патишта, управа и државни симболи на татковината, а во четврто одделение наставата по географија беше посветена на изучување на територијално-административните единици на Кралството Југославија.
Цртање и краснопис имаа за цел „развивање на сетилата за вид и чувството за точност, правилност и убавина“, додека со Пеење се стимулирани слухот, гласот и чувството за убавина и се постигнува „припитомување и облагодарување на срцето“.
Црквеното пеење беше дозволено само во ученичките хорови додека во наставата се препорачува изведување на „световни патриотски народни песни“.
Кон средината на декември 1933 училишниот надзорник објави преглед на училиштата во денешна Македонија, во кој е заведен и "Галичкиот срез" округ  и "школа у Лазаропоље" или на друго место именувани како "Лазарево Поље" - како милуваат нивен проблем, и утврди дека таму не бил нагласен правилен говор туку „лошо читање“. Граматиката се учи посебно, без практични пример и вежбање. Наставата по Географија ја карактеризираат обичен вербализам и недостаток на ориентација.
Во 1937 година Министерство за образование на К.Југ. изнезува податоци дека од 2.920 учители, Стара Србија-Вардарска Бановина, во последните три години вкупно 10 од нив одговарале за „злоупотреба на физичка казна“. Учениците во Лазарополе ја имале "среќата" за учители да имаат свои месни воспитувачи, кои за вистина никогаш не употребиле забележани остри физички казни врз нив. Учителите, според кажувањата, настават ја држеле на народен јазик. И самите учители не го знаееле во целост јазикот иако и самите тие биле "воспитаници" на тогашната власт. Своето незнаење не го наметнувале на своите деца, воспитаници во Лазарополе, туку си терале по нашински јозик. Колку би знаел еден учител-даскал, тресончанец јазик на еден соседен народ од север? Тоа е исто како да слушаш некој нашинец денес на ТВ, како се пенгавит да го лафит истиот јозик, смешно, и притоа училишните испектори од бановината заклучиле: "таму не бил нагласен правилен говор и многу лошо се читало".
За крај треба да се знае дека оваа генерација ученички, од училишнава лазоровска фотографија, голем број од нив, ќе го продолжат своето образование од 1941 до 1944 година на уште два други за нив непознати-ненашински јазици. Еден од нов е јазикот кој што се говорел западно од Црн Дрим а вториот е јазикот кој се говорел далеку на исток од нив - отаде Дупница. Полиглоти, ќе си речеме биле бабиве наши, "учеле на толку јазици". (лит. Čija je škola, toga je Maćedonija; 2013g.; opsirno; Beograd).
имињата на ученичките
и учителот се
запишани по кажување
на Мара (Гиноска) Поповска
Текст на Мојсо Блажев Поповски
Крајот од текстов беше малку подолг, но морав...









©2008-2019 lazaropolee.blogspot. All rights reserved
Превземањето на содржините на lazaropolee.blogspot.com ® е дозволено доколку се наведе изворот со линк од блогот: статијата, фотографија или видео  кое се превзема (максимум 60-100 зборови).


ПОВРЗАНИ ЛИНКОВИ

ОСНОВНО УЧИЛИШТЕ "ДИМИТАР ВЛАХОВ" ЛАЗАРОПОЛЕ


ЛАЗАРОПОЛЕ ФОТО МИНАТО





ТЕШКИОТ ЖИВОТ НА ЛАЗОРОВЕЦОТ

Povratesko,s. Lazaropole

Macedonia Time Lapse - Sunset after Snowfall HD - Lazoropole - Kolevski Voislav - Vojce

Macedonia Time Lapse - Panorama of Lazoropole HD *** Kolevski Voislav - Vojce

ИЛИНДЕН 2012_МАЈОВЦИ_МАНУКОТ

Lazaropole Sokolica Лазарополе Соколица

Крсте Коловски - автор на фреските од Св. Димитрија

Св. Јован Бигорски

Св. Јован Бигорски
www.bigorski.org.mk

MAKEDONIJA PAT

MAKEDONIJA PAT
МАКЕДОНИЈА ПАТ

Македонско Друштво "ИЛИНДЕН"-Тирана

Македонско Друштво "ИЛИНДЕН"-Тирана
www.ilinden-tirana.com

Да го спасиме сливното подрачје на Мала Река!

Да го спасиме сливното подрачје на Мала Река!
Да го спасиме сливното подрачје на Мала Река! ДАДЕТЕ ВАШ ПРИДОНЕС, ПОТПИШЕТЕ ЈА ПЕТИЦИЈАТА! Save Nacional Park Mavrovo!!! Make your contribution please SIGN THE PETITION!

Blog Post