■ "ЗАПОВЕД бр.13, Лазарополе, 31.XII.1947г. По случај новата 1948г. нема да има предавање". ■ |
☆ Во македонската историографија по 1991 година се појавуваат низа текстови кои се занимаваат со проблематиката на верските права и слободи по ослободувањето 1944 година.
Текстовите се базираат исклучиво на прелистување на пишаните медиуми од тоа време во Македонија.
Текстовите се базираат исклучиво на прелистување на пишаните медиуми од тоа време во Македонија.
Пред се пишувачите се повикуваат на весникот Нова Македонија, во чии броеви, нормално, се дава значење на излагањата на тогашните државници во нивните новогодишно обраќања, при што се вели дека, за разлика од празнувањето Нова Година, Божиќ како празник бил сосема заборавен - да не употребам ЗАБРАНЕТО ПРАЗНУВАЊЕ НА БОЖИЌ - термин кој го употребуваат некои писатели, познати како в'пикувачите.
Накратко нивната реченица е следна:
“...барем според весникот „Нова Македонија“, целосно било избришано празнувањето на Божиќ, а Нова година како празник се препознава само по долгите, шаблонизирани новогодишни говори на Тито и по меѓусебните бирократски телеграми со честитки на политичарите".

Понатаму за да добие на тежина "стручниот текст" се зема кованицата на следниве остри зборови и се добива следнава реченица: " Прелистувајќи ги броевите од 6, 7 и 8 јануари 1948 година се уверивме дека Божиќ не се спомнува ниту со еден збор, како да не постои.".
Земањето само на еднолични извори, во овој случај пишан медиум, за формирање на едно современо јавно мислење од областа на минатото, со кое се пишува на тема со наслов "Слободата го избриша Божиќ од календарот!", е едноставно недозволиво.
Прашувам - зарем слободата и придобивките со формирањето на македонската држава по 1943 година, со повикување на еден историски извор може да се искриви?
Не - слободата и нејзиното денешно негирање може да се одбрани, како што пишувачот се повикал на еден извор, со обработка и објавување на исто така само еден извор! Извор кој говори нешто сосема друго!
Тој извор се горе објавените ЗАПОВЕДИ од народната осмолетка Димитар Влахов - Лазарополе (како и многу други), со бр.13 и бр.14 од 1947 и 1948 година. Документи кои како дел од народната осмилетка/ки се дел од тогашното министерство за народна просвета (образование).
Вистина, овие две запиведи не се објавени во ниту еден пишан медиум од тоа време (1947/48г.).
Но, вистина е едноставна - Божиќ во Македонија не бил заборавен во тоа време, но и потоа (ако треба-има извори од други интитуции; настрана црквата), туку заедно со прославата за Нова Година, двата празника биле празнувани еден по друг и учениците имале слободни денови - божиќната ваканција.
Во "Нова Македонија" во броевите од од 5, 6 и 7 јаниари 1948 година нема ниту еден збор за Божиќ тоа е вистина. Меѓутоа весникот и училиштето во тоа време се државни - на народната власт., и ова е вистина...
ЗАПОВЕД бр.14 од 05.I.1948 година учениците се информираат дека до 09.I.1948 година, поради БОЖИЌНИТЕ ПРАЗНИЦИ нема да има настава. Основново училиште е дел од министерството за просвета на Народна Република Македонија, и првиот министер за просвета Никола Минчев и другите министертва како за ова празнување но и за идните празнувања во кои се споменува Божиќ немаат никакви забелешки кои ќе се карактеризираат како ненародно и антиреволуционерно дејание против народот и државата. Како и во 1948 година, и во 50-те и 60-те години можеме да зборувме, дека Нова Година и Божиќ биле слободно празнувани. Разбирливо некогаш со помал интензитет, зависно од општествено - политичките случувања во Н.Р.Мкд. - С.Р.Македонија, Божиќ никогаш не бил забранет и заборавен ниту од државните власти. Барем едно министерство давало известивање (не како прво и најзначајно), пред се министерствата за просвета, култура; истражвање за Божиќ од етнологија и историја); а најмалку разбирливо Божиќ не бил заборавен од црквата.
Барем во Лазарополе црквата била посетувана, по ослобидувањето, на големите верски празници, биле склучувани венчавки и крштевки. Понекогаш тие посети на црквата се одвивале тајно и во ноќните часови, но никој баш никој поради прославата на Божиќ или некој друг празник или црковна прослава не бил прогонуван религиски.
Прогонувањата биле пред се од политички причини по 1948г, во однос на информбирото, како и во однос на задругарството и колективизацијата.

Престави ги лошите и добрите извори - самите ќе си дадеме завршен заклучок. Батали дневни политики. Создавај историја, не политика.
°Текст и обработка Мојсо Б. Поповски°
《Напомена - текстот еден вид забелешла на следнава објавена статија: ВИДИ ЛИНК "Како се славеле Божиќ и Нова Година под окупација и по ослободувањето на Македонија.". 》
ЛИНКОВИ: