ЛАЗАРОПОЛЕ - ВИДЕО ОД 1977 година


 Напомена - видеото не е достапно на мобилната верзија. Треба да одберете подолу View web version или на ЛИНКОТ ОД YouTube-Lazaropole.

МИЈАЧКАТА ЗОГРАФСКА ШКОЛА

Како настанувале иконите? Што се ерминии? Преку овој документарен филм од 1986 година, во продукција на ТВ Скопје, накратко ќе ги добиеме основните одговори на  дел од тајните чувани и запишани во ермениите, од страрите македонски зографи кои припаѓале на мијачката уметничка зографска школа - како се создавале иконите во македонските и балканските цркви.  Видеото е фрагмент од документарниот филм ЕРМИНИИ. Зограф Крсте Колоски - последниот мијачки зограф. ЕРМИНИИ - режија на  Скендер Кули, уредник Блаже Смилевски, светло Павле Кардалевски.


Напомена - видеото не е достапно на мобилната верзија. Треба да одберете подолу View web version - линк видео.

©2008-2020 lazaropolee.blogspot. All rights reserved
Превземањето на содржините на lazaropolee.blogspot.com ® е дозволено доколку се наведе изворот со линк од блогот: статијата, фотографија или видео  кое се превзема (максимум 60-100 зборови).



НАРОДНИТЕ НОСИИ ВО МИЈАЧКО-ДЕБАРСКАТА ЕТНИЧКА ЦЕЛИНА 1982г.

ТВ Скопје, 08.02.1982 година - Етнолошко поднебје на Македонија, НАРОДНИТЕ НОСИИ ВО МИЈАЧКО-ДЕБАРСКАТА ЕТНИЧКА ЦЕЛИНА. Одговорен уредник Миле Поповски; уредник Невена Исакова; текст на кустос Аница Петрушевска.

Напомена - видеото не е достапно на мобилната верзија. Треба да одберете подолу View web versionлинк видео


©2008-2020 lazaropolee.blogspot. All rights reserved
Превземањето на содржините на lazaropolee.blogspot.com ® е дозволено доколку се наведе изворот со линк од блогот: статијата, фотографија или видео  кое се превзема (максимум 60-100 зборови).

Документарни филмови за Лазарополе и малореканскиот крај.

Ви прикажуваме, преку YouTube каналот Lazaropole Macedonia (YT канал на блогот за Лазарополе), неколку документарни  филмови во продукција на ТВ Скопје, снимени и емитувани во 70-те и 80-те години од XX век. Документарните филмови се чуваат и се дел од архивата на МРТВ. Во нив се обработуваат тематики од природните науки, културата, религијата, етнологијата (носии) и историјата на населението од малореканските наслеби: Лазарополе, Гари, Тресонче, Селце, Росоки и Галичник. Посебно интересни се документарните филмови за манастирот Св.Јован Бигорски (резба), филмот за зографот Дичо од Тресонче и за последниот мијачки зограф и копаничар Крсте Колоски од Лазарополе. Документарните филмови даваат свежи сеќавања, изворни кажувања за миграцијата и иселувањето на населението од малореканските населби во повоениот период, пред се во 60-те години од XX век - тоа се филмовите за Галичник, Гари и Лазарополе. За поголемиот дел од документарните филмови, заслужни за снимањето, реализацијата и емотувањето на истите, во ТВ екипите ги среќаваме потпишани и следниве лазоровци, кои во тоа време работеле во ТВ Скопје: Д-р Блаже Смилевски, Бошко Перински, Славе Јолески и Русе Кардалески.

Напомена - видеата не се достапни на мобилната верзија од блогот. Треба да одберете подолу View web version.

ЛИСТА НА ДОКУМЕНТАРНИ ФИЛМОВИ И ЛИНКОВИ ОД YouTube КАНАЛОТ (блог за Лазарополе) Lazaropole Macedonia












ЛИНКОВИ 












ДРУГИ ЛИНКОВИ ЗА ВИДЕА ОД YouTube Lazaropole Macedonia Channel:





















21.

©2008-2020 lazaropolee.blogspot. All rights reserved
Превземањето на содржините на lazaropolee.blogspot.com ® е дозволено доколку се наведе изворот со линк од блогот: статијата, фотографија или видео  кое се превзема (максимум 60-100 зборови).




Македонска резба - Св. Јован Бигорски 1981г.

Документарен филм во продукција на ТВ Скопје, одговорен уредник Васил Тоциновски, "Македонска резба - Св. Јован Бигорски" емитуван 26.01.1981 година.

Напомена - видеото не е достапно на мобилната верзија. Треба да одберете подолу View web version - линк видео

©2008-2019 lazaropolee.blogspot. All rights reserved
Превземањето на содржините на lazaropolee.blogspot.com ® е дозволено доколку се наведе изворот со линк од блогот: статијата, фотографија или видео  кое се превзема (максимум 60-100 зборови).

ГАРИ - документарен филм 01.1988г.

СЕЛО ВО ДОМ - ГАРИ документарен филм во продукција на ТВ Скопје од 01.1988 година.

Напомена - видеото не е достапно на мобилната верзија. Треба да одберете подолу View web version - линк видео


Превземањето на содржините на lazaropolee.blogspot.com ® е дозволено доколку се наведе изворот со линк од блогот: статијата, фотографија или видео  кое се превзема (максимум 60-100 зборови).

Зографот Крсте од тајфата на Коловци (1988г.)

Автобиографски филм со наслов ЗОГРАФОТ КРСТЕ ОД ТАЈФАТА НА КОЛОВЦИ во продукција на ТВ Скопје, за последниот мијачки зограф и копаничар Крсте Колоски од Лазарополе, емитуван 01.02.1988 година.

Напомена - видеото не е достапно на мобилната верзија. Треба да одберете подолу View web version - линк видео


©2008-2019 lazaropolee.blogspot. All rights reserved
Превземањето на содржините на lazaropolee.blogspot.com ® е дозволено доколку се наведе изворот со линк од блогот: статијата, фотографија или видео  кое се превзема (максимум 60-100 зборови).

ДИЧО ЗОГРАФ - документарен филм од 1982г.

Документарен филм за ДИЧО ЗОГРАФ од Тресонче, ТВ Скопје 1982 година. Режија Зоран Даниловиќ, сценарио Д-р Блаже Смилевски, организатор Бошко Перински, стручен соработник Коста Балабанов.

Напомена - видеото не е достапно на мобилната верзија. Треба да одберете подолу View web version - линк видео


©2008-2019 lazaropolee.blogspot. All rights reserved
Превземањето на содржините на lazaropolee.blogspot.com ® е дозволено доколку се наведе изворот со линк од блогот: статијата, фотографија или видео  кое се превзема (максимум 60-100 зборови).

ГАРИ документарен филм од 1981г.

ПО ДОЛИНАТА НА РАДИКА - МАЛА РЕКА (од 31.03.1981 година) Видео фрагмент од документарецот кој се однесува само за Лазарополе.ТВ Скопје, образовна програма, редакција за природни науки, уредник и сценарио Д-р Блаже Смилевски, организатор - Бошко Перински, соработник - Славе Јолески, режија - Иван Чаповски.

Напомена - видеото не е достапно на мобилната верзија. Треба да одберете подолу View web version - линк видео


© 2008-2020 lazaropolee.blogspot. All rights reserved
Превземањето на содржините на lazaropolee.blogspot.com ® е дозволено доколку се наведе изворот со линк од блогот: статијата, фотографија или видео  кое се превземена (максимум 60-100 зборови).

МИЈАЦИ - документарна емисија од 1978г.

ТВ Скопје, документарен филм, ПАТЕПИСИ - Мијаци, од 24.04.1978 година. Режија Томо Перовиќ, сценарио и текст Љубен Апостолски, текстот го чита Бранка Станковска. 

Напомена - видеото не е достапно на мобилната верзија. Треба да одберете подолу View web version - линк видео


© 2008-2020 lazaropolee.blogspot. All rights reserved
Превземањето на содржините на lazaropolee.blogspot.com ® е дозволено доколку се наведе изворот со линк од блогот: статијата, фотографија или видео  кое се превземена (максимум 60-100 зборови).

Тресонче, Селце и Росоки - образовно-документарен филм од 1981 година.

ПО ДОЛИНАТА НА РАДИКА - МАЛА РЕКА - фрагмент видео за Тресонче, Селце и Росоки (од 31.03.1981 година) ТВ Скопје, образовна програма, редакција за природни науки, уредник и сценарио Д-р Блаже Смилевски, организатор - Бошко Перински, соработник - Славе Јолески, режија - Иван Чаповски. Напомена - видеото не е достапно на мобилната верзија. Треба да одберете подолу View web version - линк видео.


© 2008-2020 lazaropolee.blogspot. All rights reserved
Превземањето на содржините на lazaropolee.blogspot.com ® е дозволено доколку се наведе изворот со линк од блогот: статијата, фотографија или видео  кое се превземена (максимум 60-100 зборови).

Документарен филм за Галичник од 1986 година.

Документарен филм за Галичник од 1986 година - линк од видеото ГАЛИЧНИК ВО СРЦЕ ТЕ НОСАМ



Напомена - видеото не е достапно на мобилната верзија. Треба да одберете подолу View web version.

© 2008-2020 lazaropolee.blogspot. All rights reserved
Превземањето на содржините на lazaropolee.blogspot.com ® е дозволено доколку се наведе изворот со линк од блогот: статијата, фотографија или видео  кое се превземена (максимум 60-100 зборови).

ЛАЗАРОПОЛЕ образовно-документарен филм од 1981 година.

ПО ДОЛИНАТА НА РАДИКА - МАЛА РЕКА(од 31.03.1981 година) Видео фрагмент од документарецот кој се однесува само за Лазарополе.ТВ Скопје, образовна програма, редакција за природни науки, уредник и сценарио Д-р Блаже Смилевски, организатор - Бошко Перински, соработник - Славе Јолески, режија - Иван Чаповски.*Во емисијата, Д-р Блаже Смилевски води разговор со последниот мијачки зограф Крсте Коловски.*
Напомена - видеото не е достапно на мобилната верзија. Треба да одберете подолу View web version. линк од ВИДЕО

© 2008-2020 lazaropolee.blogspot. All rights reserved
Превземањето на содржините на lazaropolee.blogspot.com ® е дозволено доколку се наведе изворот со линк од блогот: статијата, фотографија или видео  кое се превземена (максимум 60-100 зборови).

РАСЕЛУВАЊЕ НА НАСЕЛЕНИЕТО ОД РЕКАНСКИОТ КРАЈ ВО XVIII ВЕК

Населението од Река* во XVIII век започнува интезивно да се иселува од своите матични предели и да формираат нови населби. Така денес постојат повеќе населби во повеќе други македонски региони основани од Реканци, неколку села во  областите Азот и Торбешија - Скопско, дел од населението во селата од Демир Хисар, како и самиот град Крушево кој бил основан од сточари Мијаци**.
Овде ќе преставиме кратки податоци забележани од страна на македонските историчари и етнолози, добиени со истажувањата извршени во 50-те и 60-те години од XX век, а се однесуваат за потеклото и настанувањето на македонските села и градови низ вековите. Издвојуваме значајни-интересни информации за родови и населби-села кои биле формирани или во нив се доселиле родови од реканскиот крај (исклучок село Ехловец - посебна карактеристика).

ЕХЛОВЕЦ Според истражувањата на Јован Трифуноски во 1960-тите години родови во селото се: Зеревци, Голибеговци, Ѓурчевци и други. Брачните врски најмногу ги одржувале со блиските малорекански села (Лазарополе, Гари, Осој и други). Од селото имало иселувања. Од селото имало иселувања. Родот Жежовци се иселил во демирхисарското село Смилево. Родовите Степановци (10 к.) и Голибеговци (3 к.) се иселиле во село Лазарополе.
СМИЛЕВО Гулугаровци (2 к.) и Печипајковци (8 к.), доселени се од Лазарополе; Спасевци (2 к.), Калинци (1 к.) и Трампевци (11 к.), доселени се од Лазарополе; Милошовци (3 к.) и Корлевци (7 к.), доселени се од Лазарополе; Крстевци (1 к.), доселени се од Лазарополе; Пејчиновци (6 к.), Топчевци (1 к.), Бојанинци (1 к.) и Чаловци (1 к.), доселени се од Галичник; Трошевци (3 к.), Лековци (1 к.), доселени се од Лазарополе; Ковачи/Ковачевци (14 к.), доселени се од Галичник; Соклевци (4 к.), доселени се од Гари; Парталковци (2 к.) и Чиклевци (1 к.), доселени се од Галичник; Филковци (2 к.) и Стамболџиовци (5 к.), доселени се од Лазарополе; Чурановци (3 к.), Сиљановци (3 к.) и Макриовци (4 к.), доселени се од Гари; Кромидаровци (2 к.) и Мирчевци (3 к.), доселени се од Галичник; Гајдаровци (3 к.), доселени се од Галичник; Граматковци (4 к.) и Мерковци (2 к.), доселени се од Лазарополе; Туфевци (2 к.), Узуновци (1 к.), Картаровци (2 к.) и Чипуровци (1 к.), доселени се од Лазарополе. Стари деленици со Мерковци; Гарци или Егуменовци (5 к.), доселени се од Гари; Бандевци (5 к.) и Костадиновци (2 к.), доселени се од Крушево. А таму припаѓале на Мијаците; Жежовци (6 к.), доселени се од Лазарополе; Волкановци (3 к.), доселени се од Галичник; Галовци (2 к.), доселени се од Гари; Поповци (3 к.), Матлиовци (1 к.) и Костревци или Кокиновци (16 к.), доселени се од Лазарополе. Ја знаат следната генеологија Спиро (жив на 70 г. во 1952 година) Коле-Илија-Деспот, кој се доселил; Николовци (2 к.), доселени се од Лазарополе; Касаповци со Лумбарковци (2 к.), доселени се од Тресонче; Дарковци (2 к.), доселени се од Галичник; Шутевци (4 к.), Грујовци (4 к.) и Поповци со Доневци (1 к.), доселени се од Лазарополе. Има и целосно иселени мијачки родови.
ПАПРАДИШТЕ (Азот - Велешко)
Првите мијачки доселеници дошле на крајот на XVIII век. Претците на останатите родови се доселиле наскоро после нив. Од тие претци потекнуваат родовите Лопатаровци (11 к.), Симоновци (11 к.), Николовци или Калинци (10 к.), Ѓушеровци (10 к.), Галевци (10 к.), Марковци (10 к.), Чуповци (5 к.), Еленинци (5 к.), Китановци (4 к.), Тасевци (4 к.), Ќулафковци (2 к.), Стојанчевци (2 к.), Петковци (1 к.), Волашовци (1 к.) и Василковци (1 к.). Наведените мијачки родови дошле право од малореканскиот крај со исклучок на родот Лопатаровци кој е доселен преку познатото мијачко село Смилево во Демир Хисар. Еден брат од родот Лопатаровци, доаѓајќи од Смилево, се населил во македонското муслиманско велешко село Мелница. Од него таму потекнува поисламениот род Јашаровци. Славите на наведените родови се различни: Свети Никола, Воведение, Атанасовден, Митровден и Ѓурѓовден.
ОРЕШЕ (Азот - Велешко)
Селото Ореше во целост е населено само со население кое е мешавина од доселеници од малореканскиот и поречкиот крај.
Во текот на заедничкото живеење тие се изедначиле според начинот на живот и обичаите: преовладале особините и цртите од мијачкиот крај. Македонски родови во Ореше се: Јанковци (30 к.), Далевци (30 к.), Џиковци (25 к.), Китановци (25 к.)  и Ѓорѓиовци (15 к.) имаат мијачко потекло. Доселени се од тамошните села Гари и Лазарополе пред некаде 170 до 220 години. Во родот Џиковци се знае следниот родослов: Наце (82 години во 1966 г.) – Петко-Арсо-Танаско-Џико, најстариот предок кој се доселил. Коруновци (15 к.) се со потекло од поречкото село Крапа каде живееле на потегот кој денес се вика Грмада. Миленковци (20 к.) основач на родот бил Дамјан Дервиш, а точното место на старината не го знаат. Старецот Коста (81 година) во 1966 година ги набројувал таткото Петре, дедото Матеја и прадедото Нове. Имињата на далечните претци не ги знае. Сепак според овие имиња кои се чести кај Мијаците во Река, најверојатно и овој род има мијачко потекло. Слави на споменатите родови се: Свети Никола, Свети Ѓорѓи „зимен“ и Пречиста.
МЕЛНИЦА (Велешко)
Мифтаровци, Салиовци, Алиловци, Левеновци, Билевци, Камберовци, Адемовци, Ќоревци, Шопевци, Абдиловци, Шпиртовци и Исмаиловци. Секој род во просек имал по 10 куќи. Населението е доселено кон крајот на XVIII век од реканскиот крај. Највеќе се доселени од селото Жировница.
ДРЖИЛОВО (опш.Сопиште)
Балевци (8 к.), Љутвиовци (3 к.), Сејфовци (8 к.), Арифовци (4 к.), Суљовци (2 к.), Беадиновци (3 к.), Далиповци (2 к.), Јајовци (13 к.), Бејтовци (6 к.), Сеферовци (1 к.), Јакуповци (1 к.), Љатифовци (1 к.), Бајрамовци (10 к.), Асановци (16 к.), Салиовци (8 к.), Аметовци (4 к.), Таир (1 к.), Адемовци (3 к.), Исаковци (4 к.) и Алиловци (3 к.) сите наведени родови потекнуваат од четири семејства кои се доселиле во втората половина на XVIII век од реканското село Жировница.
БРЕЗОВО (Демир Хисар)
Гаревци (22 к.), доселени се од село Гари, ја знаат следната генеологија Ванчо (жив на 80 г. во 1951 година) Анѓеле-Стојан-Трајан Гаре, кој дошол во селото.
ГОЛЕМО ИЛИНО (Демир Хисар)
Велковци (14 к.) и Рапевци (9 к.) доселени се од малореканското село Гари. Во првиот род се знае следната генеологија Паун (жив на 60 г. во 1952 година) Ѓоргија-Најде-Велко, кој се доселил.
ДОЛЕНЦИ (Демир Хисар)
Андревци (6 к.), доселени се од некое село во малореканскиот крај. Ја знаат следната генеологија Исијан (жив на 58 г. во 1951 година) Лазар-Насте-Андре, кој се доселил.
ЖВАН (Демир Хисар)
Каравиловци (33 к.), се делат на Пецовци, Стевановци, Гроздановци, Кузмановци, Калевци и Филиповци, доселени се од село Галичник. Ја знаат следната генеологија Мице (жив на 95 г. во 1951 година) Вилип-Миленко, дошол таткото или дедото на Миленко.
ЗАШЛЕ (Демир Хисар)
Аризовци (5 к.), доселени се од некое село ??? во малореканскиот крај.
МРЕНОГА (Демир Хисар)
Мијаковци (2 к.) доселени се од мијачкото, малореканско село Лазарополе. Ја знаат следната генеологија Вељан (жив на 40 г. во 1952 година) Насте-Јоан-Стојко, кој се доселил.
РАДОВО (Демит Хисар)
Мијаковци (4 к.) основачот на родот дошол како домазет од некое село ??? во мијачкиот крај, ја знаат следната генеологија Толе (жив на 65 г. во 1951 година) Блаже-Јанкула, дошол некој дедо негов.
СЛОЕШТИЦА (Демир Хисар)
Трајановци (7 к.) доселени се од село Галичник.
ЛУКОВО (Дебарски Дримкол) Јанчевци (6 к.), Бојовци (1 к.) и Бојковци (1 к.) потекнуваат од ист предок, и доселени се од реканското село Јанче пред околу 270 години.
ПЛЕВЕЊЕ (опш.Чашка, селото е во близина на Велес)
Лопатари (12 к.) доселени се од Азот, село Папрадиште. Овде се доселиле тројца браќа, Никола, Стојан и Цветко. Подалечно потекло имаат од мијачкиот-малорекански крај.
ЦВЕТОВО (опш.Студеничани) Скендеровци (17 к.) доселени се од реканското селото Жировница. Ја знаат следната генеологија Садик (жив на 83 г. во 1950 година) Муртезан-Мустафа-Нуредин-Скендер, кој се доселил во селото пред околу 240 години; Рамчевци (20 к.) доселени се од реканското селото Ростуше; Ибраимовци (6 к.) гранка се од родот Рамчевци; Рамбовци (15 к.) доселени се исто така од селото Ростуше, ја знаат следната генеологија Абаз (жив на 40 г. во 1950 година) Мурат-Раман-Љатиф-Раман, кој се доселил; Шундевци (10 к.) имаат потекло како и родот Скендеровци (Жировница); Шабановци (14 к.) и Исовци (18 к.) доселени се исто така од селото Ростуше.
ЕЛОВО (опш.Студеничани)
Шабановци (7 к.), Баовци (9 к.), Рамановци (10 к.), Рашитовци (8 к.), Аметовци (6 к.), Селимовци (9 к.), Селмановци (8 к.), Џаферовци (3 к.), Имеровци (7 к.) Ѓуловци (14 к.), Орлевци (2 к.), Шабановци (7 к.), Абдијовци (2 к.), Ејуповци (3 к.), Таировци (10 к.), Зендовци (4 к.), Џаферовци (5 к.), Фејзовци (2 к.), Ибраимовци (2 к.), Алиловци или Ѓулафковци (6 к.), Јашаровци (1 к.), Амет-Фета (2 к.), Мемедовци (3 к.), Арифовци (4 к.), Ќеримовци (7 к.), Исовци (1 к.), Еминовци (2 к.) и Салиовци (2 к.) сите се доселени од села во Долна Река во текот на XVIII век.
ПАГАРУША (опш.Студеничани)
Јуцовци со Селмановци и Оручовци (15 к.) доселени се од селото Жировница во Долна Река. Ја знаат следната генеологија Заим (жив на 38 г. во 1950 година) Узеир-Зејнел-Јонуз-Реџеп, се доселил неговиот татко; Аџовци (12 к.) доселени се од Долна Река, мислат дека се од Жировница; Чалмовци (11 к.), Суљовци (7 к.), Зулковци (6 к.), Чумуровци (5 к.) и Османовци (3 к.) доселени се од Долна Река.
ЈАБОЛЦИ (опш.Сопиште)
Костовци (9 к.) доселени се од селото Волковија во Горна Река. Основачот на родот бил Коста по кој го добиле името. Тој во Волковија имал убава жена, но неа ја нападнале и убиле качаци. Потоа Коста се решил да се иселат од Волковија. Во Јаболци тој ги добил синовите Кољо, Илко и Спасо. Од нив потекнува денешниот род. Ја знаат следната генеологија Зафир (жив на 61 г. во 1950 година) Милош-Кољо-Коста, кој се доселил. 

* Рекански регион може да се издвојат неколку целини и тоа: Горна Река, Долна Река, Голема Река,Малорекански крај.

** Патописот на Јохан Хан од 1858г. (А. Матковски, Македонија во делата на странските патописци 1850-1864г., Мисла-Скопје 1992г, стр.290)
"... СЕ ДЕЛИ НА ДВЕ КЛАСИ, НА СТАРИ ГРАЃАНИ, КОИ СЕ НАРЕКУВААТ МИАКИДИ (изопачено од Мијаци М.П.) КОИ СЕ ДОСЕЛИЛЕ ТУКА (во текстот се зборува за Крушево) ОД ПОДРАЧЈЕТО НА ЛАЗАРОПУЛА (изопачено од Лазарополе М.П.) И ГАЛИЧНИК И ОВДЕ СТАНАЛЕ ГРАДИТЕЛИ НА КУЌИ - И ДОЈДЕНИОТ ПЛЕБС ОД СОСЕДСТВОТО, КОЈ НЕ СКИТА, ТУКУ СЕ ИСХРАНУВА ОД ГРАДСКА РАБОТА. ...".


© 2008-2020 lazaropolee.blogspot. All rights reserved
Превземањето на содржините на lazaropolee.blogspot.com ® е дозволено доколку се наведе изворот со линк од блогот: статијата, фотографија или видео  кое се превземена (максимум 60-100 зборови).

КОРИСНИ ТЕКСТОВИ

ДЕЛА И ДОКУМЕНТИ ЗА ЛАЗАРОПОЛЕ И МИЈАЧИЈАТА

ЛАЗОРОВЦИ НА ЛОПУШНИК - ВО ЧЕСТ НА КОСТА СОЛЕВ РАЦИН (13.06.2020)


На ден 13-ти јуни , 1943 година, на планината Лопушник, лазоровски атар (денес под кичевско), и до денес неразјаснети околности, загина Кочо Рацин (роден 1908 во Велес), македонски книжевен деец и активист, главниот двигател на современата македонска поезија меѓу двете светски војни. 
од лево кон десно:
Димитар Тодоровски,
Блаже Поповски,
Коста Ламбевски и
Љупчо Тодоровски;
Лопушник 13.06.2020г.
Во чест на Коста Солев Рацин и овој 13-ти јуни 2020 година на Лопушник беше присутна делегација од Лазарополе која му одаде почит на Коста Солев Рацин. На споменикот на врвот, има букет со свежо ендемско  цвеќе кое цути само во Лазарополе, а Лазоровци го берат рано наутро и тргнуваат за Лопушник. Тие пешачат пет часа низ шумски предели и не трасиран пат, за да му оддадат почит на основоположникот на македонската современа поезија и патронот на нивната Земјоделска задруга, која била прва во Македонија а денес не постои.  Така го исполнуваат аманетот од нивните стари.
факсимил, купопродажен
договор за Лопушник
склучен помеѓу купувачот
Ѓурчин Кокалески и
и османлискиот султан Абдул Меџит I,
од 1842/43 година
откривање на спомен обележјето
на Коста Солев Рацин, 1950г,
Комбинатот - Лазарополе
споменик Коста Солев Рацин
Лазарополе
Тихомир Јосифовски (прв човек на задругата)
со мајката на Кочо Рацин, 1950г. Лазарополе

"Слушање пилето - кукавицата". Адети и верувања кај Мијаците.

Запишано од Панјот Гиноски (1842-1886); објавено 1899г.
Кукавицата је пролетно пиле. Таја пролети идет коде нас, одкако ќа се разубавит времето. Нејзиното пеење дење је жалосно - јадно, печаљно, нашите жени мијачки го имает за лошо - кобно. Затеа во најпрвото чувување неќет, да го чует немиени и на гладно срце, да не и разбиет. Разбивањето тоест чујувањето пилето на гладно срце. Жените го имает за лошо предскажније пилево - кобење на нечиа смрт, која имат да битет таја година, нему, што го разбило или на некој негов свој, за кого имат да жалит, да плачет и да кукакт како кукавица. И по таја причина, таја жена, што го чула не на гладно срце, се ослободуват од тој страф од разбивањето. А таја што ја разбило пилето, верувајќи по старо бабинско устно предање разбивњето пилево остануват брижна и невесеља. Кукавица не ја викает токо пиле, и нејзиното кукање не го викает кукање токо работање.
фрагмент од записот
на Гиноски
По таја пручина пролети, одкако ќа заработат пилето, ката-утро дур да го чует, станувајќи рано од постеља, најпрво се измивает со вода, а потеја, коснувает по една трошка лебец, да не и разбиет пилето. Тије жените од страф, да не ја наљутит кукавицата и да не и проколнет, не ја викает кукавица токо пиле. И велит разговорно:
Ал работаше пилено!?
- Работаше, дури по гората ја разлеваше! Аљ го чуфте!?
- Го чуфме! За многугодини!!! Да би го слушнале!
Оваке се прашает и одговарает помеѓу себе, тие што одит на рашеток да го слушает пилето, и тие, што се враќает од рашеток.
обработил Мојсо Б. Поповски

Поврзани статии▪адети и верувања кај Мијаците •

© 2008-2020 lazaropolee.blogspot. All rights reserved
Превземањето на содржините на lazaropolee.blogspot.com ® е дозволено доколку се наведе изворот со линк од блогот: статијата, фотографија или видео  кое се превземена (максимум 60-100 зборови).

МАРКЕТ ДОБРАВА ЛАЗАРОПОЛЕ 2020 - соопштение

Почитувани! Од 29-ти април 2020 МАРКЕТОТ ДОБРАВА - Лазарополе ја започнува новата сезона, која што ќе трае до октомври 2020 година. За повеќе информации контакт моб.тел. 078-300-784.


ПОВРЗАНИ ЛИНКОВИ

Патронажна медицинска служба во Лазарополе.


© 2008-2020 lazaropolee.blogspot. All rights reserved
Превземањето на содржините на lazaropolee.blogspot.com ® е дозволено доколку се наведе изворот со линк од блогот: статијата, фотографија или видео  кое се превземена (максимум 60-100 зборови).

ДОЛАМА - МОШКО ОБЛЕКЛО (фотографии)


1. "ТУНОФЕС"; Црвена капа со долга "киска" од модра свила; или КЕПЕ; Капа од црн сатен.
2. "ДОЛАМА"; Специјална долга долна облека до под колена од бела клашна со долги ракави, широка и "надулчена" со повеќе "клиње". Од страните на колковите има џебови, а долу цепови. Рабовите сите опточени со зелена оптока. Предниците и ракавите украсени со црни гајтани и бикме. Орнаменти: на лактите од ракавите "колчаци" со "пилајки" на предниците "петлиња" и "криваче".
3. ПОЈАС; Ткаен од "чиста преѓа"-вишна преѓа, проширен со бело на прави шарки. пои краиштата украсен со сукани рески.
4. ЌУСТЕН (ќустек или ќостек) ; Сребрен накит за на гради.
5. ЦИГАРЛАК; Од сребро украсен со килибар.
6. КУТИЈА; За тутун или бурмут, од сребро, украсена со "сават".

Мијачката народна носија е застапена не само во мијачката етничка целост, туку таа е распространета и надвор од неа во други етнички предели и ги опфаќа овие населби: Смилево (Битолско), Папрадиште и Ореше (Велешко), Ехловец (Кичевско) и Крушево.Главна одлика на оваа носија е особено богатиот алов и "кинат" - ажуриран вез, кој главно е застапен на женската носија, и тоа претежно распореден на ракавите и предниците - "партите" од кошулата. Покрај тоа, уште се одликува со изобилство на реси распоредени речиси низ целата носија, како и со метален накит, кои на оваа облека и придаваат достоинствен и господарствен изглед.

НАРОДНА НОСИЈА



© 2008-2020 lazaropolee.blogspot. All rights reserved
Превземањето на содржините на lazaropolee.blogspot.com ® е дозволено доколку се наведе изворот со линк од блогот: статијата, фотографија или видео  кое се превземена (максимум 60-100 зборови).

ТЕШКИОТ ЖИВОТ НА ЛАЗОРОВЕЦОТ

Povratesko,s. Lazaropole

Macedonia Time Lapse - Sunset after Snowfall HD - Lazoropole - Kolevski Voislav - Vojce

Macedonia Time Lapse - Panorama of Lazoropole HD *** Kolevski Voislav - Vojce

ИЛИНДЕН 2012_МАЈОВЦИ_МАНУКОТ

Lazaropole Sokolica Лазарополе Соколица

Крсте Коловски - автор на фреските од Св. Димитрија

Св. Јован Бигорски

Св. Јован Бигорски
www.bigorski.org.mk

MAKEDONIJA PAT

MAKEDONIJA PAT
МАКЕДОНИЈА ПАТ

Македонско Друштво "ИЛИНДЕН"-Тирана

Македонско Друштво "ИЛИНДЕН"-Тирана
www.ilinden-tirana.com

Да го спасиме сливното подрачје на Мала Река!

Да го спасиме сливното подрачје на Мала Река!
Да го спасиме сливното подрачје на Мала Река! ДАДЕТЕ ВАШ ПРИДОНЕС, ПОТПИШЕТЕ ЈА ПЕТИЦИЈАТА! Save Nacional Park Mavrovo!!! Make your contribution please SIGN THE PETITION!

Blog Post