Се служам со зборот помагател бидејќи Крчовски употребува покрај овој збор и уште: настојатели, смогнатели, помагачи кои ги имаат истото значење во речениците во кои изразува благодарност до луѓето кои го овозможиле-помогнале печатењето на оваа и другите негови книги. Во денешна смисла исто како зборовите мецена или посовремено спонзор.
Јоаким Крчовски (1750-1820) — првиот македонски просветител, кој со своето дело и свештеничката професија бил народен учител и просветител на Македонците во првата половина на XIX век.
Во насловите на неговите книги се забележани одредени имиња на „настојатели“, на луѓе што се грижеле за нивното печатење или го "смогнале" со грошеви.
Во делото на Јоаким Крчовски „Различна поучителна наставленија“, 1819 г. печатено во Будим, среќаваме имиња на помагатели од Мијачијата.
Сите овие помагатели, насекаде од Македонија, „господари“, „купци-трговци“ и "тајфаџии" се луѓе од различни економско-општествени сталежи и средини од Македонија, ангажирани, во пропагирањето на книги на народен јазик, "просветлени" од преродбеници каков што бил и Крчовски.
Сите овие помагатели, насекаде од Македонија, „господари“, „купци-трговци“ и "тајфаџии" се луѓе од различни економско-општествени сталежи и средини од Македонија, ангажирани, во пропагирањето на книги на народен јазик, "просветлени" од преродбеници каков што бил и Крчовски.
Книга „Различна поучителна наставленија“, 1819 г. - Будиме е најголема (од другите дела на Крчовски), со 310 страници и е зборник од различни слова со религиозно (православен)-поучен карактер.
За нас интересно, во прв план е споменувањето на помагателот од Лазарополе, "Село Деб'рско Лазарово'поле Нило'ла Дарковски" стр.10. На оваа страна лазоровецот помагател Никола Дарковски е запишан со уште неколкумина помагатели од Гари, Тресонче и Галичник (исто стр.10). Немаме позначајни информации за помагателот Никола Дарковски (потребно е повеќе истражување), но според дадениот список на сите помагатели од цела Македонија, може да се заклучи дека станува збор за еден од многуте мијачки трговци-сточари кој живеел и работел во периодот на по'познатите Ѓурчин Кокалески, Брадина од Тресонче и Томо Томоски од Галичник. Сите овие сточари во нашата историографија се познати како - "селската сточарска боржуазија од Македонија". Името на помагателот Никола Дарковски во оваа "семејство" не го среќаваме.
Во текст, објавен на блогот, во врска со кодиката од Бигорскиот манастир (околу1885г.препишана и надополнета) го среќаваме името на јеромонахот Евросин родом од Лазарополе од родот Даркоски. Можно е да станува збор за лице од истиот род ,како што е и помагателот Никола Дарковски.
Најпознати од имињата помагатели на книгата "Различна поучителна наставленија“, 1819 г. - Будиме, се имињата на гарчаните Петре Теледур и Марко Теледур. Овие двајца таледури ги изработиле чудесните икони од Бигорскиот манастир и во црквата Св.Спас во Скопје.
Македонските трговци, занаетчии и сточари ја претставуваат во споменатото време (самиот почеток на XIX век) онаа средина што можела да го организира и материјално да го помогне издавањето на тие книги во далечниот град Будим.
Споменување на помагателот Никола Дарковски во книгата на Крчовски од 1819 година ги потврдуваат многуте досега документирани факти дека и Лазарополе заедно со останатите мијачки населби биле дел од движењето и придонесувале во културно-преродбеничкото будење на Македонците. Веќе кон крајот на XIX век, помагателсвото-помагањето во печатење на книги насекаде во Македонија зема замав. Се повеќе Македонци оделувале парични "самодоприноси" за издавање на новопечатени книги. Страниците во кои што се споменува благодарението на авторите на делата се сепоголеми на број. Трендот на помагателство бил следен и во Мијачијата. Сега веќе не само што имаме и автори со потекло од нашинскиот крај, туку и бројот на луѓе доброчинители-помагатели се зголемува. Како пример го давам списокот од книгата на Васил Икономов "Зборник од старо-народни умотворенија од дебарско, кичевско и охридско", објавен во Солун 1895 година. Во зборникот како претплатници-помагатели на изданието дадени се имиња на над 40-тина лазоровци - и од другите малорекански и рекански населби. Дел од овој списокот - на крај од дополнувањето со фотографии од гореспоменатите дела.
првата страна од кинигата „Различна поучителна наставленија“, 1819 г. печатено во Будим, Јоаким Крчовски |
страна 10 на која се дадени имињата на помагателите од мијачијата |
Лазарополе запишано како ЛАЗАРОВОПОЛЕ (1819г.) |
името на Никола Дарковски од "дебрското село Лазровополе" како помагател за печатење на делото „Различна поучителна наставленија“, 1819 г. печатено во Будим од Јоаким Крчивски |
Јеромонахот Евросин спомнат во бигорската кодика (околу 1885г. или порано) од родот Даркоски-Лазарополе, предок(?) на помагателот Никола Дарковски од 1819 гофина. види линк: Можно е да се од истиот(?) лазоровски род. |
Дел од список на претплатници-доброчунители од Лазарополе за книгата, "Зборник од старо-народни умотворенија од дебарско, кичевско и охридско",објавен во Солун 1895 година. |
© 2008-2018 lazaropolee.blogspot. All rights reserved
Превземањето на содржините на lazaropolee.blogspot.com ® е дозволено доколку се наведе изворот со линк од блогот: статијата-текст (само 50 зборови), фотографија или видео кое се превземена.
Поврзани линкови