30 ЈУЛИ 1807 ГОДИНА - СИЛНИ ОГОН

ТЕКСТ ЗА ОСНОВНАТА ХРОНОЛОГИЈА НА ЛАЗАРОПОЛЕ
Пред точно 212-ет години на денешен ден 30.VII.1807 година, на верскиот празник (17.јули)Св. вмч-ца Марина, меѓу народот познат и како Огнена Марија, Лазарополе е зафатено од силен пожар. Огнената трагедија, силниот огон, со кој било зафатено Лазарополе е еден од најзначајните настани кои од денешна гледна точка треба посебно да се величи и разгледува.
факсимил
од првата страна
од
автобиографијата
НАКАЗАНИЕ
на
Ѓурчин Кокалески
Овој немил настан го забележал и Ѓурчин Кокалески во својата автобиографија НАКАЗАНИЕТО, со следните зборови: "Ама таја година изгоре селово со силни огон. Изгорее 53 куќи. Сам Господ и изгоре, дека бехме грешни... Господ да чува. Амин.". Овој податок е единствен пишан извор кој што ги потврдуваат "приказните" кажувани од старите лазоровци во времиња по немилиот настан, кога автобиографијата на Кокалески била сосема недостапна-заборавена.
Кога го разгледуваме минатото на Лазарополе треба да имаме во предвит неколку поголеми временски-хронолошки рамки, кои меѓусебно се поврзани но во основите се сосема историско-општествено различни.
1. Првата е од IX век се до 1467 година кога може да се зборува за неоспорен-непрекинат живот во непосредна близина и во рамки на денешната населба Лазарополе; но населби со поинакви имиња од денешното - според сите историски извори.
2. Вториот период од 1467 до 1582/83 година е период на почеток на непрекинато живеење во рамки на денешната населба Лазарополе; појава на првите записи на името Лазарополе во пишаните извори. 
3. Третиот период е од 1582 година до 30.VII.1807 година, датум, во кој населбата започнува да ги добива своите основни белези на маала и новонаселени жители-семејства.
4. Четвртиот е периодот, најзначајниот за Лазарополе, на економски и општествен подем и појава на "селската сточарска боржуазија" од 1807 година до 1912 година - период за кој накратко ќе се задржам во тектот. 
5. Петиот период е од 1912 година до 1944 година - период на пад на сточарството и појавата на печалбарствот. 
6. Шестиот и последен период е од 1944 година до 1971 година - период на краток но значаен развој, но и период на нови општествени односи кои ќе предзвикаат раселување на Лазарополе.
Сите периди се интересни и носат со себе значајни локални и пошироки историски настани во своите хронолошко поделби кои влијаеле на развојот на Лазарополе, но сепак перидот (1807-1912) по огнената трагедија е најзначаен за понатамошниот развој и напредок на Лазарополе. Период кој што го дефинира Лазарополе слободно да се рече во денешните основни карактеристики како населба која што и ние ја знаеме.
Во почетокот на XIX век па се до 30-те години од XIX век според турските пописни дефтери Лазарополе би требало да брои околу 600 жители и не повеќе од 140 куќи
Огнената трагедија од 30.VII.1807 година е немил настан по кој што започнува нов периот на незапирливо економско-општествено развивање на Лазарополе, период кој што ќе трае од 1807 година до 1912 година. 
Во овој период од 1807 година до 1912 година во Лазарополе незапирливо како главна економска гранка ќе се развива сточарството и производството на млечни производи. Напоредно со сточарството втора главна економска гранка во Лазарополе е кирајџиството и одгледување на коњи за транспорт на стоки и суровини, пандан на денешните шпедииции и транспортни компании. На почетокот од XX век над десетина лазоровски фамилии можеле да се пофалат дека рааполагаат со над 7000 овци. Во селото е забележана и бројка од над 150 коњи во 1876/78 година. Како и фонд од 1400 крави. Напоредно со економскиот раст на Лазарополе започнува да се гради и селска црква во периодот од 1832 до 1841 година. Во 1844 година во селото е отворено и првото келијно училиште на народен говор. Забележани се историски информации за луѓе од Лазарополе кои започнуваат да изучуваат најразлични високи школи во соседните држави. Започнува да се шири атарот на селото за сметка на некои други малорекански и брсјачки населби, со купување на шуми и пасишта. (види линк од факсимил за купување на планината Лопушник 50-ти год. од XIX век) Голем број на лазоровци стануваат доброчинители (спонзори) и се вклучуваат во македонската преродба.
Економскиот развој со себе донел и немир. Започнале да се случуваат најразлични разбојништва од страна на качачките банди дојдени од другата страна на Црни Дрим по пљачка на стока и киднапирање на луѓе-деца од Лазарополе и другите малорекански и рекански населби а потоа барале високи суми на пари за лицата кои ги држеле. Така во еден британски документ од 1856 година забележано е следново: "... НА 12 ЈУНИ, ИСТИТЕ РАЗБОЈНИЦИ ГРАБНАЛЕ ВО ЛАЗАРОПОЛЕ 4 ДЕЦА ОД ИЗВЕСНИОТ ГУРТЕХИН КЕХАЈ (Ѓурчин Кокале) А И МУ ЗЕЛЕ 8 000 пијастри. ... " - Еден британски документ од 16 јули 1856 година. (Архив на Р. Македонија, Британски документи за историјата на македонскиот народ 1848-1856г., том III, стр.385, документ бр.321 прилог IV.); подвлекол Мојсо Б. Поповски.
За потребите на сточарите и кирајџиството - големиот број на коњи било потребно во самата населба да има, од денешна гледна точка и вулканизери-луѓе за потковување на тогашните превозни "автомобили и камиони", ковачи на потковици, кои наголемо ќе ги задовокуваат потребите од производи изработени од железо и калај (алати и слично) потребни за тогашно непречено живеење. Тие ковачи со себе ги понесле и своите музички интрументи... Мајовци.
лазоровска куќа
покривна конструкција
од дебели плочи;
црква исто
Темелни реконструкции на куќите во Лазарополе започнуваат по 1807 година, по големиот пожар кој беснеел во селото. До 1807 година основниот материјал за покривната конструкција на куќите е сламата. Главната причина во која изгореле 53 куќи. После овој пожар секоја куќа во Лазарополе добива покривна површина само од дебели плочи, но основата на куќата не била изменета туку само приспособена на новите градежни зафати. Со овие градежни зафати, денес познатата мијачка куќа, барем во Лазарополе во овој период ја добила својата завршна градителска народна етапа во развојот како совршена куќа за живот
Овој период на јакнење на населбата завршува во 1912 година со падот на сточарството. Главната причина е неприродното пресекување и запирање на основниот пат, не само на лазоровските сточари туки и на сите мијачки сточари, на движење на стоката-овците кон зимските пасишта, кон Долна Земја, и обратномкон летните-домашни пасишта на Бистра.
За Лазарополе по 1912 година започнува нов поинаков начин на живот. Живот на печалба, живот на Туѓоземјаните. Печалба и учење нови вештини и занаети во кои нашинците од морање од новонастанатата состојба морале да бидат повеќе од совршени.
Овој период ќе трае од 1912 година до 1944 година со променлив интензитет. Интересно е дека во ово време, ако се направи споредба со денешните современи иселувања од Македонија, само мажите оделе на печалба а другите членови останувале во своите огништа.
Ова се само накратко некои од основните настани кои започнале по 30.VII.1807 година. Големиот огон. Почеток на најзначајната хринолошка етапа во историскиот развој на денешната викенд населба.
Блогот за Лазарополе дозволува поширока и понтересна обработка на оваа тема и другите погоре споменати хронолошки етапи, бидејќи историските извори се богати со интересни записи. Една од интересните теми со која блогот ќе се позанимава во иднина (следуваат серија на кратки текстови), е досега непознатата тема за обичните читатели, темата за предосманлиската и раноосманлиската институција ВОЈНУЦИ-ВОЈНУК (IXв.-1467г.-.1587г.) - забелешка М.Б.Поповски.
Фрагменти од тој период кои што и ние денес можеме до негде и да ги забележиме. Датум кој не треба да се заборави и кој треба да се слави... 30.07.1807 - 2019 год.

Автор Мојсо Блажев Поповски


простете поради граматички и правописни грешки тектот е во изработка.


© 2008-2019 lazaropolee.blogspot. All rights reserved

Превземањето на содржините на lazaropolee.blogspot.com ® е дозволено доколку се наведе изворот со линк од блогот: статијата, фотографија или видео  кое се превземена (максимум 60-100 зборови).

ТЕШКИОТ ЖИВОТ НА ЛАЗОРОВЕЦОТ

Povratesko,s. Lazaropole

Macedonia Time Lapse - Sunset after Snowfall HD - Lazoropole - Kolevski Voislav - Vojce

Macedonia Time Lapse - Panorama of Lazoropole HD *** Kolevski Voislav - Vojce

ИЛИНДЕН 2012_МАЈОВЦИ_МАНУКОТ

Lazaropole Sokolica Лазарополе Соколица

Крсте Коловски - автор на фреските од Св. Димитрија

Св. Јован Бигорски

Св. Јован Бигорски
www.bigorski.org.mk

MAKEDONIJA PAT

MAKEDONIJA PAT
МАКЕДОНИЈА ПАТ

Македонско Друштво "ИЛИНДЕН"-Тирана

Македонско Друштво "ИЛИНДЕН"-Тирана
www.ilinden-tirana.com

Да го спасиме сливното подрачје на Мала Река!

Да го спасиме сливното подрачје на Мала Река!
Да го спасиме сливното подрачје на Мала Река! ДАДЕТЕ ВАШ ПРИДОНЕС, ПОТПИШЕТЕ ЈА ПЕТИЦИЈАТА! Save Nacional Park Mavrovo!!! Make your contribution please SIGN THE PETITION!

Blog Post